Новопазарски Санџак
Новопазарски санџак (турски: Yeni Pazar sancağı, од османски: سنجاق) бил управна единица на Отоманското Царство, со центар во Нови Пазар. Овој санџак постоел во два наврати, од 1790 до 1817 година, и потоа од 1865 до 1902 година. Првиот Новопазарски санџак (1790-1817)Првото основање на Новопазарскиот санџак се случило во време на Австриско-турската војна (1787-1791) поради одбрана во југоисточните области на Босанскиот санџак, кои се организирани во посебен Новопазарски санџак, што влегувал во составот на Босанскиот пашалак. За време на Првото српско востание (1804-1813), на подрачјето на овој санџак водени биле чести борби меѓу востаниците и турската војска. Откако се смирила ситуацијата, Новопазарскиот санџак бил укинат (1817), а тоа подраќје повторно влегло во состав на Босанскиот санџак.[1] Вториот Новопазарски санџак (1865-1902)Со законот за вилаети од 1865 година, создаден е Босански вилает со седаум санџаци, од кои еден бил и Новопазарскиот санџак.[2] Ги опфаќал казите: Нови Пазар, Сјеница, Плевља, Нова Варош, Пријеполе, Бијело Поље, Митровица, Беране, Колашин и Трговиште (Рожаје).[3] До првото поголемо преуредување на Новопазарскиот санџак дошло по големите политички промени кои се случиле по австроунгарското освојување на голем дел од Босанскиот вилает, во 1878 година. Иако западните области на овој санџак останале под турска управа, со посебен турско-австроунгарски договор од 1879 година било предвидено воспоставување на австроунгарско воено присуство во Прибој, Пријеполе и Бијело Поље. При спроведување на овој договор, на споменатото подрачје се оформила двојна власт. Во тоа време, Новопазарскиот санџак бил издвоен од составот на Босанскиот вилает и бил приклучен кон Косовскиот вилает во 1879 година.[4][5] Наредната година, целата западна област околу Плеваља, Пријеполе и Прибој била издвоена од составот на Новопазарскиот санџак, и оформена како посебен санџак, Плеваљски санџак.[6][5] Плеваљскиот санџак останал да функционира како посебна управна единица сè до крајот на турската власт, во 1912 година. Во 1902 година, од Новопазарскиот санџак биле издвоени неколку кази, Нови Пазар[7] и Митровица и биле припоени кон Приштинскиот санџак, а од останатите делови на Новопазарскиот санџак бил формиран Сјенички санџак, со казите: Сјеница, Бијело Поље, Нова Варош и Вранеш. После ваквата распределба на областите, Новопазарскиот санџак престанал да постои како управна единица, но се користел поимот и по 1902 година. Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia