Крушевачки Санџак
Крушевачки Санџак или Алачахисарски Санџак (турски: Alacahisar Sancağı, српски: Крушевачки санџак) — еден од санџаците во Отоманското Царство со Алачахисар (денешен Крушевац) како административен центар. Турското име Алачахисар значи шарена тврдина.[3] ИсторијаДеспот Стефан Лазаревиќ, кој немал деца, се договорил неговиот внук Ѓураѓ Бранковиќ да го наследи српскиот престол и да стапи во сојуз со Унгарија, но по неговата смрт, Мурат II ја нападнал Србија во 1428 година барајќи ја земјата за себе.[4] Мурат ја зазел српската престолнина Крушевац и го принудил Бранковиќ да го продолжи османлискито вазалство.[4] Во 1451 година, кога Мехмед II станал султан, деспотот Ѓураѓ повторно го зазел Крушевац и неговата околина.[5] Мехмед II организирал воени акции во Србија од 1454 до 1459 година, кога го освоил и анектирал Српското Деспотство. Крушевац (сега познат како турски Алачахисар) бил заземен во 1455 година и веднаш бил организиран во отоманска поддивизија. Административна поделбаЕјалетиВо периодот помеѓу 1455 и 1541 година, Крушевачкиот Санџак му припаѓал на Румелискиот Ејалет. По формирањето на Будинскиот Ејалет во 1541 година, Крушевачкиот Санџак нему му припаднал заедно со неколку други санџаци меѓу кои Смедеревскиот, Пожешкиот, Вучитрнскиот, Зворничкиот, итн. Во 1558 година Крушевачкиот Санџак му бил додаден на Темишварскиот Ејалет [6] На почетокот на 17 век Крушевачкиот Санџак повторно бил дел од Румелискиот Ејалет.[7] НахииГрадот Алексинац за прв пат се споменува во 1516 година во дефтер на санџакот на Алача Хисар.[8] Истата година во Крушевац биле регистрирани 1.000 војнуци.[9] Во 16 век санџакот на Алача Хисар ги имал следните нахии: Крушевац (Алача Хисар), Медвеѓа, Ургуп, Загрлата, Дубочица, Козник, Куршунлу, Петрус, Бован (близу денешниот Алексинац), Полјаница, Кислина и Из.[10] Во 17 век овој санџак ги имал следните кадилаци : Крушевац, Прокупље, Медвеѓа, Бован, Параќин и Козник.[11] Санџак-беговиВо 1493 година крушевачки санџак-бег бил Исмаил-бег, кој учествувал во Битката кај Крбавското Поле.[12] Дели Хасан-паша Суљобашиќ бил санџак-бег на Крушевац од 1720-тите до 1739 година.[13] Тој успеал да спои многу мали чифлици во еден голем имот убивајќи многу локални спахии и заими (водачи) без да биде санкциониран, и покрај многуте официјални истраги.[14] Во 1793 година бил префрлен во Призрен, а потоа во Охрид.[14] Во 1789 година, за време на Руско-турската војна (1787–1792), Шехсувар Абди-паша од Ишкодра (Скадар) бил назначен за санџак-бег на Крушевачкиот Санџак.[15][16] Во периодот помеѓу 1794 и 1830 година санџак-бег бил Сашит-паша.[17] Демографија во 15 и 16 векВо 1455 година, санџакот имал 170 тимари, од кои 27 биле во рацете на христијаните.[18] Османлиските извори нагласуваат дека бран влашки овчари се населиле во Смедеревскиот Санџак и голем дел од Крушевачкиот Санџак и Видинскиот Санџак .[19] Откако Османлиите ги освоиле териториите во Панонската Низина, многу семејства од централниот дел на Балканот се преселиле во таа област што го зафатила влашкото население од Крушевачкиот и Смедеревскиот Санџак кои ги загубиле своите претходни привилегии. Од почетокот на 16 век, муслиманското население во Крушевац, Прокупље и Лесковац сочинувало 68% од вкупното население, додека до крајот на векот се зголемило на речиси 85% поради исламизацијата на Србите. Во помалите градски населби како Куршумлија, Параќин, Медвеѓа и Бован, христијаните го сочинувале мнозинството од населението до 1536 година. Овој сооднос се променил дури на крајот на векот, кога овие групи се изедначиле во однос на нивниот број.[20] Во 1516 година, Крушевачкиот Санџак имал 320.000 жители, а во 1536 година поради депопулација имал 160.000-190.000 жители.[21] НаселбиБрој на села според дефтерите; [21]
Број на населби во нахијата (1536); [21] [21]
Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia