Навпактски Санџак
Навпактски Санџак или Инебахтски/Ајнабахтски Санџак (отомански турски: Sancak-i/Liva-i İnebahtı/Aynabahtı; грчки: λιβάς/σαντζάκι Ναυπάκτου) ― отоманска покраина од второ ниво (санџак или лива) што ги опфаќала средишните делови на континентална Грција. Неговото име потекнува од главниот град Инебахти/Ајнабахти, турското име за Навпакт, попознат на англиски со неговото италијанско име Лепанто.[1] ИсторијаПокраината била создадена во 1499 година, кога Османлиите го освоиле Лепанто, кој бил посед на Република Венеција од 1407 година.[1] Сепак, голем дел од територијата доделена на новата покраина веќе била под османлиска контрола, под Трикалскиот Санџак. На 7 октомври 1571 година, познатата Битка кај Лепанто помеѓу флотите на Отоманската Империја и Светата лига се водела на брегот на градот Лепанто.[1] Венецијанците го вратиле градот во 1687 година, за време на Морејската војна, но го предале на осмалиска контрола во 1699 година, по Договорот од Карловци.[1] Иако поголемиот дел од покраината се кренала во бунт по избувнувањето на Грчката војна за независност во 1821 година, главниот град Лепанто останал во отомански раце до 12 март 1829 година, кога дошол под грчка контрола.[1] Административна поделбаПрвично, санџакот бил дел од Румелискиот Ејалет, но по 1533 година бил подреден на новиот Островски Ејалет.[2] Според географот од 17 век, Хаџи Калифа, покраината опфаќала шест кази („области“): самиот Инебахти (Навпакт), Каравари (Кравара), Абукор (Апокурос), Олендирек/Олундурук (Лидорики), Ѓолхисар (веројатно Лимнохори) и Карбенеш (Карпениси).[3][4] Изворите од почетокот на 19 век известуваат дека Санџакот во тоа време бил дел од Морејскиот Ејалет и повторно сочинувал шест кази: Инебахти, Абукор, Олендирек/Олундурук, Ѓолхисар, Кербенеш и Патраџик (Ипати).[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia