Клиски Санџак
Клискиот Санџак (турски: Kilis Sancağı; изговорено Килис Санџа) бил санџак на Османлиското Царство чие седиште било во Клиската тврдина во Клис (денешна Хрватска) до заземањето од страна на Венецијанската Република во 1648 година, подоцна во Ливно меѓу 1648-1699 година. ЗаднинаКлискиот Санџак бил основан на 12 март 1537 година, по османлиската победа во Опсадата на Клис. Клис бил упориште на Ускоците и трн и на венецијанската и на османманската страна.[1] Тврдината била заземена од османлиските сили командувани од Мурат Бег Тардиќ во име на Гази Хусрев-бег кој бил санџакбег на Босанскиот Санџак. Административна поделбаТериторијата на Клискиот Санџак била составена од ново заземените територии на западна Босна, Далмација (со реките Цетина, Крка и Зрмања),[2] Лика и Крбава.[3] Хрватскиот Вилает бил прекинат кога бил припоен од новосоздадениот Клиски Санџак во 1537 година.[4][5] Првиот попис на земјата во Клискиот Санџак бил направено во 1540 година во рамките на пописот на Босанскиот Санџак. Дефтерот од 1550 година е најстариот сочуван дефтер на Клискиот Санџак.[6] Овие рани дефтери на почетокот на 15 век покажуваат дека територијата на овој санџак била однаселена.[7][8] Османлиите населиле неплодни земји со нов бран на овчари и козари. Клискиот Санџак бил дел од Босанскиот Ејалет уште од основањето во 1580 година, како што го опишал познатиот османлиски патник Евлија Челебија.[9] УправнициМурат-бег Тардиќ бил назначен за прв санџакбег на Клискиот Санџак.[10] Тардиќ останал на таа позиција сè до 1544 година кога бил назначен на местото санџакбег од Пожешкиот Санџак.[11] Малкоч-бег починал во 1545 година како санџакбег на Клис.[12] Синан, син на сопругата на султанот и санџакбег на Клискиот Санџак, починал во 1593 година во битка.[13] Во 1596 година, санџакбег бил Мустафа-паша Пијаде-пашиќ.[14] Во периодот 1609 - 1615 санџакбег бил Зулфикар-паша Атлагиќ чиј наследник Пири-паша го убил во 1616 година.[15] Во 1645 година, санџакбег бил Миралем, кој беше Албанец.[16] Во 1648 година, санџакбег бил Мехмед Мустајбеговиќ кој го загубил Клис од Венецијанците.[17] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia