Селото се наоѓа на 20 километри источно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во јужните делови на Нередска Планина и на 10 километри североисточно од Горенци. Селото се наоѓа на надморска височина од 732 метри. Над селото се наоѓа манастирот „Свети Врач“.
Историја
Во XV век во Кономлади биле евидентирани 160 глави на домаќинства[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Олишта се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 67 куќи.[7]
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август1903 година, биле изгорени 3 од 90 куќи[8]. Според друг извор селото не настрадало, а во него засолниште нашле побегнатите семејства од Загоричани и Б’мбоки[9].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[14]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 412 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 286 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Мелисотопос.[15]
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 45 деца од селото биле протерани како деца бегалци[16]
Демографија
Во 1928 година селото броело 336 жители.[17], додека во 1940 година селото броело 362 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 233 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 243 жители, во 1971 година имало 210 жители, во 1981 година имало 203 жители, додека во 1991 година имало 212 жители[18]. Денеска, населението на селото е 199 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
362
233
243
210
203
212
199
—
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија