Охридско-дебарско востание![]() Охридско-дебарско востание (познато и како Охридско востание)[б 1][б 2][б 3] — востание против српската окупаторска власт коешто избувнало во септември 1913 година, по завршувањето на Втората балканска војна, во Дебарско, Струшко и Охридско. Било организирано од структурите на ВМРО на Тодор Александров и од локалните албански востаници, а било раководено од Петар Чаулев, Милан Матов, Павел Христов и Антон Шибаков. По десетдневни борби со редовната српска војска востанието било задушено. Мировни иницијативи на ВМРО против Букурешкиот договорДен по потпишувањето на Букурешкиот договор, на 11 август 1913 година, Централниот комитет на ВМРО свикал состанок на кој било решено да се побара од големите сили ревизија на договорот, во спротивно се заканиле дека Организацијата ќе ја продолжи револуционерната борба за ослободување на Македонија. Делегацијата составена од професорите Љубомир Милетиќ, Иван Георгов и Александар Балабанов била овластена да ги посети владите на европските големи сили и во името на ЦК на ВМРО да ги претстави нивните барања. Уште од првите средби, делегацијата наишла на неподготвеност од владите за ревизија на Букурешкиот договор. Подготовка
![]() По неуспешната мисија на делегацијата, ЦК на ВМРО ја испратил директива No 2 од 21 август 1913 година до сите револуционерни дејци, војводи и членови на организацијата. Со неа се наредувало да се започне со обнова на организациската и курирската мрежа, обнова на контактите помеѓу одделните окружни, околиски и реонски комитети во Вардарска и Егејска Македонија. Војводите добиле наредба за систематска подготовка на македонското население за нова борба. ЦК на ВМРО решил да се пристапи кон подготовка на востание во Битолско, Охридско и Дебарско. Во исто време Александар Протогеров водел разговори со Албанскиот револуционерен комитет за заеднички дејствија против српската власт во Македонија. Во тоа време српските воени и паравоени формации биле сконцентрирани во Источна Македонија, кон бугарската граница, така што и тоа било поволен услов за востание.[1] Задачите за подготовките на востанието биле доверени на Петар Чаулев, член на ЦК, Павел Христов, задграничен претставник на ВМРО, Милан Матов, Христо Атанасов, Нестор Георгиев, Антон Шибаков и други дејци и војводи во овие области. Тие добиле полномошно да влезат во врска со албанските револуционери, да преговараат со нив за идните заеднички активности. Како резултат на преговорите што се водат во Елбасан, на 17 август 1913 година бил постигнат договор помеѓу ВМРО и албанскиот револуционерен комитет, на чело со Сефадин Пустина, за организирање и прогласување на заедничко востание против српскиот режим.[2] Одлучено е востанието да се објави на почетокот на октомври 1913 година.[б 4] Почеток
![]() Сеопфатната подготовка за востанието не била извршена, бидејќи востанието неочекувано започнало еден месец порано и брзо се проширило во Дебарско, Струшко и Охридско.[б 5] Обединетите вмровски и албански чети го зазеле Дебар и на 9 септември 1913 година претставниците на српската администрација биле протерани од градот. Два српски полка успеале да се повлечат, а 420 војници биле заробени. Во градот била воспоставена нова власт, а во привремената управа биле Сефадин Пустина, Христо Атанасов, Иван Бојчев, Нестор Георгиев, Риза бег, Бајрам Стрезимир, Наум Бојаџиев и други, сите со потекло од Дебар. Востаниците успеале да ги протераат српските војски и администрација и од Струшко и Охридско. Четвртиот српски полк бил заробен заедно со сите офицери. Неколку српски топови биле заробени во Охрид, каде што четите на Петар Чаулев и Павле Христов влегле на 12 септември.[б 6][б 7] Жителите на градот ги поздравиле организациските чети. Набргу било свикано собрание и била формирана привремена управа, во која влегле: Лев Огненов, Иван Групчев, Павел Христов, Лев Кацков, Петар Филев и други истакнати граѓани. На сличен начин била воспоставена револуционерната власт во Струга и околните села. На 15 септември 1913 година во Охрид се собрале неколку илјади вооружени востаници. За командант на сите сили бил избран Петар Чаулев. Било решено востаниците веднаш да тргнат кон Битола и Кичево. Биле избрани и војводите, кои требало дејствуваат во соодветните области. Меѓутоа, токму кога востаниците се подготвувале да дејствуваат, Чаулев добил информација дека на барање на српските власти, грчките војници ја минале границата и се упатиле кон Подградец во јужниот крај на Охридското Езеро. Чаулев веднаш испратил еден учител да го предупреди грчкиот командант да се повлече со војниците или во спротивност ќе бидат нападнати. Грчките војници се повлекле, но востаниците изгубиле драгоцено време.[б 8] Избувнувањето на востанието и прогонување на српските сили од Дебарско, Струшките и Охридско ги поттикнале српските власти да објават дека започнала нова војна. На 11 септември бил издаден кралски декрет за мобилизација. За задушување на востанието освен редовната армија биле мобилизирани дополнително околу 100 илјади војници. Борби![]() ![]() ![]() Во Битола се концентрирала бројна српска војска и затоа Чаулев им наредил на востаниците прво да го заземат Кичево, а потоа да тргнат кон Битола. На пат за Кичево, востаничките чети се судриле со српската војска. Борбата траела два дена на 17 и 18 септември. Српските сили четири пати биле принудени да се повлечат, а востаничките позиции биле бранети од четите на Антон Шибаков и Нестор Георгиев. Меѓутоа, поради бројноста и подоброто вооружување на српската војска, востаниците биле принудени да се повлечат кон Галичица. Во меѓувреме, востаниците под команда на Чаулев, кај селото Иванчишта ги победила српските сили и на 17 септември го зазеле Кичево. Целата територија на исток од Црн Дрим и Охридското Езеро се наоѓало во рацете на востаниците. Меѓутоа откако пристигнале дополнителни српски сили и била довлечкана артилерија, започнала српска контраофанзива. На 18 септември востаниците биле принудени да се повлечат јужно од Кичево кон Галичица, на територијата помеѓу Охридското и Преспанското Езеро. На 18 и 19 септември се воделе тешки борби кај Голо Брдо. Тука како поддршка на српските сили дошле грчки војници од југ. На 19 септември селата околу Охрид биле освоени и опожарени од страна на српските чети. Србите успеале да влезат и во самиот град. Сите востанички чети, вмровски и албански, на 20 септември биле принудени да отстапат на запад од Голо Брдо. Истиот ден раководителите на ВМРО биле информирани дека албанските чети се распуштаат и востаниците заедно со своите семејства се засолниле во Албанија. По оваа информација, Петар Чаулев дал наредба за распуштање на вмровските востанички чети и нивно трансформирање во мали единици, секоја со одделен војвода. ЗадушувањеПри задушување на востанието српските сили и чети извршиле масовни насилство и материјална штета врз населението во востанатите области. Врз основа на специјалната Уредба за општествена безбедност во новоприсоединетите области, бил извршен страшен терор. Особено безмилосно дејствувале четниците на српската Народна одбрана. Од 160 учители само 10 не биле затворени. Во Охридска околија биле изгорени околу 30 села, а меѓу Охрид и Гостивар биле опустошени дури 180 села.[4] Во Охрид биле убиени осум свештеници, петмина учители и околу 150 бугарски државјани. Убиени се и околу 500 Турци и Албанци. Другиот востанат регион, Дебарско, исто така бил подложен на пустошење. Градот бил речиси целосно уништен. Биле опожарени и ограбени десетина села. При одбраната на Дебар загинаа над 300 четници, а биле убиени и стотина невини жители. Во Кичево и кичевско од страна на српските војници и чети биле убиени над 100 души македонски и албански првенци. Освен тоа како приврзаници на востаниците повеќе од 150 лица биле жестоко претепани. Како резултат на тепањето 17 од нив умреле. Во селото Пласница, Кичевско, биле убиени 46 души, а 5 куќи биле изгорени. Во селото Ѓавато се убиени над 40 лица. На 2 декември 1913 година на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, ЦК на ВМРО организирал комеморативно собрание во чест на жртвите од востанието.[5][6] Наводи
Белешки
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia