Острово
Острово (грчки: Άρνισσα - Арниса, до 1926 г. Όστροβο, Острово[2]) — гратче во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.557 жители (2011). Во минатото било населено исклучиво со Македонци, но подоцна се доселиле и турски семејства, па местото добило мешан етнички карактер.[3] Овие се иселиле со размената на населението во 1920-тите, а на нивно место дошле грчки бегалци од Турција. Денес сепак во голема мера преовладува македонското население. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на североисточниот брег на Островското Езеро, 25 км западно од градот Воден, на надморска височина од 580 м. Низ гратчето поминува железничката линија Солун - Лерин - Битола.[3] и претставува своевиден сообраќаен и економски центар, со разни управни установи, амбуланта, гимназија итн.[3] Непосредно на југ од Острово е изграден тунел кој ја пренесува водата од езерото во реката Вода за снабдување на вештачката акумулација Владовско Езеро наменета за производство на струја. Затоа денес водата е донекаде повлечена и не доаѓа до самото гратче (или само до периферијата). ИсторијаВо антиката и средниот век![]() На североисток од Острово во антиката се наоѓал градот Целе, центар на долномакедонската област Еордеја. Во римско време во близина поминувал патот Вија Егнација[4]. Во 1019 г. Острово се спомнува како дел од Мегленската епархија на Охридската архиепископија[5]. Познато е дека во XI век на островот Свети Пантелејмон во езерото се наоѓал царскиот замок[6]. Таму, во 1041 г. се одиграла Островската битка, во која македонскиот цар Петар Делјан е поразен од византиската војска, во голема мера помогната од викиншка платеничка војска на чело со идниот норвешки крал Харалд III. Овие подвизи на Харалд кај Острово се опишани во норвешка сага за неговите дела. Османлиско времеВо османлиско време Острово станало седиште на мудурлук), а во Островската нахија влегле селата Друшка, Русилово, Ослово, Нисија, Патичино, Жерви, Чеган и Кадрево.[4] Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и Островската џамија датираат пред 1571 г.[7] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишува Острово како:
Околу 1840 г. имотите на селаните биле насилно приграбени од Илјаз-паша (родум Албанец од Дебар) и селото со тоа станало чифлигарско. Подоцна жителите успеале да ги го откупат селото.[10] Околу 1850 г. е изградена новата црква „Света Троица“.[4] Околу 1858-1860 г. водите на Островското Езеро се надигнале, потопувајќи го теснецот на полуостровот, на кој се наоѓало селото Старо Острово, по што жителите биле приморани да се раселат во Воден, Битола и околните села.[11] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Острово (Ostrovo) е гратче со 389 домаќинства, со вкупно 1.400 жители Македонци-христијани и 450 Македонци-муслимани.[12][13] Во летото 1879 г. селото претрпело напад од разбојничка банда.[14] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Острово имало 750 жители Македонци[12] и 450 Турци.[15] Во селото работел комитет на Македонската револуционерна организација, кој во 1902 г. бил откриен, а раководителите биле уапсени, но на патот за Воден биле спасени од четата на војводата Аргир Манасиев и испратени да пребегаат во Бугарија.[16] За време на Илинденското востание во 1903 г. во борбите како доброволци на МРО учествувале дури 40 жители на Острово.[4]. На почетокот на XX век во гратчето функционирале дури три странски пропаганди — бугарскata, грчкata и српскata. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Острово живееле 1.040 Македонци[12], од кои 768 под Бугарската егзархија и 272 Цариградската патријаршија. Во гратчето работеле бугарско, грчко и српско училиште.[17] Во 1912 г. во Острово имало 233 куќи со вкупно 1.243 жители, разделени на македонско и турско маало. Од нив 908 биле Македонци, 320 Турци и 15 Роми[4]. Припојување кон Грција![]() Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 1.498 жители. Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ евидентирал 160 македонски и 95 турски куќи.[3] Во 1920 г. Острово е заведено со 1.276 жители.[3] Во 1924 г. турските жители на Острово се иселени во Турција и на нивно место се доведени 305 Грци-бегалци од Мала Азија и Понд. Во 1926 г. селото е преименувано во Арниса.[18] Во 1928 г. во Острово се евидентирани 1.289 жители[3], од кои 357 (80 семејства) биле доселеници.[19] Во Втората светска војна селото е окупирано од Бугарија и создадена е чета на бугарската паравоена организција „Охрана“.[20] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
РодовиКако македонски родови според истражувањата од почетокот на XX век се забележуваат:
Самоуправа и политикаГратчето припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Острово, каде спаѓаат и селата Друшка, Кадрево, Ново Русилово и Русилово. СтопанствоГлавно занимање на населението е земјоделството, но застапени се и трговијата занаетчиството и риболовот.[3] Главни производи се житото, сточните култури, грозјето, а во поново време и овоштарството, и тоа на површините ослободени од поивлекувањето на Островското Езеро со доведувањето на водата за потребите на ХЕЦ „Владово“.[3] Личности
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia