Антарктик (од грчкиот збор ἀνταρκτικός, «спротивно од Арктик») е континент кој го опкружува ЗемјиниотЈужен Пол. Тоа е најладното место на Земјата и е скоро целосно покриен со мраз; сепак, тоа е и најголемата пустина во светот. Не треба да се меша со Арктикот, кој се наоѓа близу до Земјиниот Северен Пол на спротивната страна на планетата.
Прочитајте повеќе
Географскиот Јужен Пол е една од двете точки каде оските на вртење на земјата ја сечат површината (другата е Северен Пол). На оваа точка се мисли најчесто кога се спомнува „Јужен Пол“.
Првите луѓе кои стапнале на географскиот Јужен Пол се Роалд Амундсен и неговата група на 14 декември1911 година. Главниот соперник на Амундсен, Роберт Фалкон Скот стигнал на полот еден месец подоцна. На враќање, Скот и неговата четворочлена група умреле од глад и екстремен студ. Постојат повеќе експедиции кои пристигнале на Јужниот Пол со превозни средства.
Прочитајте повеќе