Истите можат да се најдат во некои региони на Тибет и Непал кои се блиски до ханските кинези. Во југоисточна Азија стапчињата се користат за јадење на нудли. Стапчињата се изработуваат од дрво, бамбус, метал, коска, слонова коска, и во денешно време, пластика. Обете стапчиња се ракуваат во една рака – помеѓу палецот и другите прсти – и се користат за земање на храна.
Прочитајте повеќе
Овошјето главно се одгледува на Јонскиот крајбрежен регион во покраината Реџо Калабрија, дотолку што претставува симбол на целиот регион и градот. Тој обем и квалитет не може да се добие никаде на друго место во светот; се одгледува и на Брегот на Слоновата Коска, Аргентина и Бразил но добиениот квалитет на есенција не може да се спореди со оној од Реџо Калабрија заради тамошните аргилитни, варовни и алувијални наслаги.
Прочитајте повеќе
Во прилог се прикажани основните состојки и начин на приготвување, но секоја кујна користи и други додатоци кон овие состојки како и свој оригинален начин на приготвување:
Компирот е растение од видот скриеносеменици од фамилијата помошничка (Solanaceae). Се одгледува во сите делови на Земјата и се користи за исхрана на луѓето и домашните животни, бидејќи поседува подземно стебло богато со скроб. Потекнува од Јужна Америка, поточно од Андите. Видот е доместифициран во јужниот дел на Перу, а во Европа го донеле Шпанците во средината на 16 век.
Компирот е повеќегодишно зелјесто растение, од животната форма геофити - поседува подземно стебло (тубер, од каде и потекнува латинскиот назив) од типот кртоли. Бојата на цветот варира од бела до розова и виолетова, со силно жолто обоени прашници. Одгледуваните вариетети главно се бесполни (без цветови или со стерилни цветови). Опрашувањето во повеќето случаи е надворешно (инсекти, ветер), но постојат податоци за самоопрашување/самооплодување. Сите вариетети на компирот можат вегетативно да се размножуваат со кртоли. Плод на фертилните вариетети се бобинките кои потсетуваат на малите зелени плодови на доматот.
Прочитајте повеќе