За други истоимени места, погледајте
Дреново .
Дреново — село во северниот дел на Општина Чашка во горното сливно подрачје на реката Тополка .
Географија и местоположба
Селото е ридско на надморска височина од 600 метри, а од градот Велес е оддалечено 32,3 километри.
Историја
Стопанство
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 281 — 1953 321 +14.2% 1961 284 −11.5% 1971 212 −25.4% 1981 117 −44.8%
Година Нас. ±% 1991 62 −47.0% 1994 54 −12.9% 2002 35 −35.2% 2021 24 −31.4%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци .[ 2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, од кои 15 Македонци и 9 лица без податоци.[ 3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
450
536
281
321
284
212
117
62
54
35
24
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 4] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 5] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 6] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 7]
Родови
Дреново е македонско село.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:
Староседелци: Ѓоревци (4 к.), Мијовци (3 к.), Василковци (3 к.), Цветковци (2 к.), Митревци (2 к.), Павлеви (2 к.), Дочини (2 к.), Јанушеви (2 к.), Давчеви (2 к.), Ангелеви (1 к.), Глигурови (1 к.), Ицкови (1 к.), Саздови (1 к.), Ицеви (1 к.), Ацеви (2 к.), Ристеви (2 к.) и Ѓуровци (1 к.) предците на наведените родови живееле во месноста Селиште.
Доселеници: Кратовци (4 к.) доселени се од селото Горно Врановци . Основачот на родот се викал Арсо. Го знаат следното родословие: Димче (жив на 54 г. во 1966 година) Стојан-Андон-Арсо, кој се доселил во селото. Подалечно потекло овој род има од Кратовско ; Скопјани (1 к.) доселени се од селото Долно Јаболчиште . Го знаат следното родословие: Ѓорге (жив на 30 г. во 1966 година) Димитрија-Лазо-Наум, кој се доселил. веројатно овој род подалечно потекло има од Скопско .[ 8]
Општествени установи
Цркви
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2206 според Државната изборна комисија , сместени во просториите на основното училиште.[ 9]
На претседателските избори во 2019 година , на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[ 10]
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта[ 11]
Дрмата — населба од доцноантичко време; и
Попови Ниви — некропола од доцноантичко време.
Редовни настани
Култура и спорт
Иселеништво
Иселеници од ова село има во пониските села Раштани , Бањица , Чашка , Рлевци и Еловец , но и во градовите Скопје и Велес .[ 8]
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе... ).“
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ 8,0 8,1 . Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. CS1-одржување: друго (link )
↑ „Описи на ИМ“ . Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019 .
↑ „Претседателски избори 2019“ . Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019 .
↑ Грозданов, Цветан ; Коцо, Димче ; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2 . Скопје: МАНУ . стр. 74. ISBN 9989-649-28-6 .
Надворешни врски