Разговор со корисник:DandarmkdДобре дојде! Здраво, Dandarmkd, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни: Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на страниците за разговор со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете Наградени сте!
Наградени сте!
КатегорииЗдраво, можам само да ти дадам пофалби за досегашната работа за уредување на темите поврзани со македонскиот спорт на Википедија. Само продолжи и понатаму, многу добро ги уредуваш статиите. Имам само една забелешка, ништо големо. Вообичаено сите статии на Википедија имаат и категории, па така би те замолил да додаваш и ти вакви категории на самиот крај на статиите. Додавањето категории можеш да го направиш преку кликање на веќе подготвената алатка за категории, која се наоѓа под просторот за уредување, значи кликаш на категорија и после двете точки пишуваш одредена категорија. Бидејќи ти пишуваш најчесто за спортот, би требало да има Ракомет во Македонија, Фудбал во Македонија, Куп на Македонија и слично. Провери ги останатите статии и можеш да видиш за што ти говорам. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:54, 9 декември 2013 (CET) СтрумицаНе ја избришав страницата, само направив пренасочување до постоечката, сепак некој може да го бара клубот под другото име. Инаку, кога сакаш некоја страница да се избрише или пак видиш вандализам можеш да го употребуваш овој шаблон {{бб}} со кој означуваш дека страница е за бришење.--Ehrlich91 (разговор) 18:58, 10 декември 2013 (CET)
ЕвропскоЗатоа што покрај останатите добри промени што си ги направил, кои сега јас ги направив, имаше и промени и во самиот воведен пасус, кој е веќе добро уреден и немаше потреба за такви промени. Ништо лично немаше во ова. --Ehrlich91 (разговор) 01:33, 18 јануари 2014 (CET) Кошарски клубЗдраво, видов си создал нов шаблон за кошаркарски клуб. Нема никаква потреба, зашто веќе имаме таков шаблон {{Кошарски клуб}}. Можеш слободно него да го користиш, а ако сакаш да додадеш или одземеш нешто од него, можеш него да го уредуваш. Вака ова претставува уште еден шаблон за веќе постоечки. --Ehrlich91 (разговор) 14:47, 22 јануари 2014 (CET)
Очигледно целата инфокутија треба да се преработи, зашто вака се појавуваат повеќе проблеми. Во меѓувреме додадов категорија „распаднат“ (не знам зашто не постоело досега), додека за другиот проблем привремено решение е или да ги отстраниш тие категории или пак да ги обележуваш со , со што нема да се покажуваат во инфокутијата. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:59, 25 јануари 2014 (CET) УредникПоради твоите корисни придонеси кон статиите поврзани со македонскиот спорт, ти доделив уреднички права, со што сега твоите уредувања ќе бидат автоматски проверени, без да има потреба некој друг да ги испатролира. Ти посакувам и понатаму успешна и пријатна работа на Википедија на македонски јазик :) --Ehrlich91 (разговор) 18:45, 24 јануари 2014 (CET) Re: Вардар НеготиноЗдраво!, официјалното име на клубот е ФК Вардар Неготино (извор). Поздрав и успешно уредување! --Vasil1234 (разговор) 17:21, 6 март 2014 (CET) Re: ПФЛздраво Dandarmkd се извинувам на грешката која сега ја поправив. Поздрав--Тиверополник (разговор) 00:11, 2 мај 2014 (CEST) Кошаркарски купЗдраво, го решив проблемот со инфокутијата за кошаркарски куп пред малку, па така сега конечно ќе можеш да ги додаваш минатите и следните сезони на купот без проблем. Веќе ги направив измените за овогодишниот куп, па ти продолжи си за следните :) --Ehrlich91 (разговор) 11:12, 9 август 2014 (CEST) Фени индустри и другите кошаркарски клубовиЗдраво, фала за поправките. Инаку, јас не сум постојан уредувач на оваа страница, ниту на другите посветени на кошарката, туку само одвреме-навреме, ако дојдам до некоја официјална информација (од весник или слично) си земам за слобода да ги збогатам постоечките статии. Бидејќи немав претстава кој е тимот на Фени, слободно напиши го моментниот состав. Моето дополнување на статијата беше мотивирано од фактот дека долгов реме за Фени и за КК Куманово не било напишано ништо ново. Со други зборови, кај ваквите страници има едне голем проблем: некој направила страница за КК Куманово, КК Работнички, РК Вардар или слично (што е добро), а потоа никој не ги ажурира таквите страници (што е маана). Како последица на тоа, повеќето вакви страници имаат многу застарена содржина. Да резимирам, јас можам само одвреме-навреме да дополнувам некои информации за кошаркарските клубови. Гоелм поздрав. ГП (разговор) 10:33, 19 септември 2014 (CEST) Уредувачки маратонЗдраво, со задоволство Ве повикуваме на првиот уредувачки маратон организиран на тема „Земјите на Олимписките игри“ од страна на здружението „Споделено знаење“ составено од Википедијанци и насочено кон развивање на Википедија на македонски јазик. Маратонот ќе се одржи на 6 декември 2014 година (сабота) во интернет-кафулето „Хазард“ (види карта) со почеток од 13:00 часот, кој е предвидено да трае околу три часа. Повелете на дружба со останатите Википедијанци и заедничко уредување статии и збогатување на нашата Википедија. Поздрав--Ehrlich91 (разговор) 17:43, 30 ноември 2014 (CET) ВизантијаЗдраво, видов дека си го прашал Кирил за тоа како се прави корисничката страница, така што бидејќи јас сум задолжен за одржување на целата страница, ти ја направив твојата, можеш да ја најдеш во делот евиденција и кога ќе кликнеш на „уреди“ од десната страна ќе ти се отвори директно страницата, каде што ќе можеш да си ги додадаш статиите кои ќе бидат дел од натпреварот. Имаш упатство на самата страница како да ги додаваш страниците кои ќе ги уредиш за натпреварот на твојата страница што јас ја создадов. Доколку ти се појават проблеми, слободно контактирај ме. Поздрав и убав викенд :) --Ehrlich91 (разговор) 14:06, 18 јули 2015 (CEST)
Употреба на броевиЗдраво, во скорешни промени го заприметив твојот разговор со корисникот Kwiki и морав да ти укажам дека човекот има право, затоа што броеви напред не се користат на ниедна Википедија освен на англиската кои следат американски правила. Тоа воопшто не одговара и нема никаква потреба ни смисла броевите да стојат пред самиот наслов. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 09:25, 8 август 2015 (CEST)
СтатииЗдраво јас таа ја имав преведувано но ти си направил само вовед. Јас за разлика од тебе не ги правам со воведи за да ги обележам како мои, туку одеднаш ги објавувам. Не сум знаел дека така ги обележуваш како твои се извинувам. Сега знам нема да се повтори. Поздрав!--Инокентиј (разговор) 01:41, 13 август 2015 (CEST) КупИзвињавам се, нисам знао. Мислио сам да бројеви иду на крају. Све најбоље. -- KWiki (разговор) 19:15, 14 август 2015 (CEST) Чума АненеЗдраво Dandarmkd, во врска со оваа статија сакам да ти кажам дека е во ред тоа што ја обновуваш (играчот потпишал за нов клуб и тоа треба да се напише), но не во ред да ги бришеш шаблоните за кој потрошив часови за да ги направам. Следниот пат те молам имај повеќе почит спрема мојата и работата на другите корисници, а ако не знаеш како да ги користиш прашај ме ќе те научам многу е лесно. Извини, но морав ова да ти го кажам. Поздрав Carshalton (разговор) 19:35, 13 септември 2015 (CEST) Ако си ја отворил страната ќе видеше дека не сум вратил по старо и дека се што си дополнил е таму. Јас само ги вратив шаблоните.Carshalton (разговор) 21:52, 13 септември 2015 (CEST) НаградаЗдраво Дандар, ти пишувам во врска со освоеното трето место на уредувачкиот натпревар. Имено, како што си беше и наведено, за учеството во натпреварот следуваа награди, па така, наградата беше 100 евра вредносен ваучер, кој можеш да го искористиш во продавницата ПиксПлус со која имавме соработка и минатиот пат. Ние ќе ги испратиме вашите податоци до нив, а подоцна со идентификација вие си се договорате во продавницата што сакате да си подигнете како награда. Исто така, можеш и да си доплатиш за нешто, доколку сакаш нешто во поголема вредност. Продавницата се наоѓа во трговскиот центар Беверли Хилс од задната страна, веднаш со кафе-барот „9“ (еве ти врска: https://www.google.com/maps/place/Pix%2B,+Piks+Plus+Trade/@41.993366,21.416049,15z/data=!4m2!3m1!1s0x0:0xae9f149cefa60e80?sa=X&ved=0CHQQ_BIwCmoVChMItOTOlqODyAIVyjkaCh1_UQaG). Доколку имаш некои прашања, слободно контактирај ме. Поздрав, Тони --Ehrlich91 (разговор) 16:13, 19 септември 2015 (CEST)
Наградени сте!
СИЕ Пролет 2016Здраво, веќе неколку недели трае меѓународниот натпревар „СИЕ Пролет 2016“, во кој земјите од Средна и Источна Европа пишуваат едни за други. Доколку сакаш да се вклучиш во овој интересен натпревар, впиши го твоето корисничко име во списокот и можеш да одбереш една од многуте статии во издвоените списоци по земја. Натпреварот трае до 31 мај, а за првите тројца ќе бидат обезбедени материјали/книги/енциклопедии. Доколку имате некои прашања, контактирајте го корисникот Ehrlich91. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:05, 25 април 2016 (CEST) ПлејофЈас сум моментално на конференција во Италија, така што не можам кој знае колку да ти помогнам, но еве види од оваа страница нешто: 2016 NBA Playoffs. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 13:54, 24 јуни 2016 (CEST) Уредувачки натпревар „Населени места во Егејска Македонија“Во тек е спроведувањето на уредувачкиот натпревар посветен на населените места во Егејска Македонија, за кои постојат илјадници започнати, но целосно несредени статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со средување на овие илјадници статии, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање, како и за испраќање на самиот потребен материјал. Поздрав, Ehrlich91 --MediaWiki message delivery (разговор) 19:06, 10 март 2017 (CET) Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91 Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата ВикипедијаЗдраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST) Уредувачки натпревар за вулканиЗдраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:11, 4 декември 2017 (CET) 1000 статии што секоја Википедија мора да ги имаЗдраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET) Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET) Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата ВикипедијаЗдраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST) Записи на странски јазикЗдраво видов дека менувајќи ги англиските записи сум го сменил функционирањето на шаблонот, доколку се пројават и други такви, известете ме, ќе го поправам да функционира со кирилично писмо, ова на превид не сум го видел дека не функционира. И во иднина Ве молам да го користите кириличното писмо за именување на државите, според македонскиот правопис. Поздрав--Инокентиј (разговор) 17:32, 20 јануари 2019 (CET) Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. Бројач на уредувањаЗдраво, еве врска до бројачот на уредувања https://xtools.wmflabs.org/ec. Поздрав --Инокентиј (разговор) 16:31, 14 мај 2019 (CEST) Да ги средиме статиите за државите во светотЗдраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST) МејлМи треба нешто да те прашам, па побарај ме на мејл: toni91ehrlich@gmail.com, кога ќе можеш :) --Ehrlich91 (разговор) 13:37, 19 јули 2019 (CEST) Нов уредувачки натпреварЗдраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST) РакометЗдраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET) Hi Dandarmkd, thank you a lot for translating this article in your language! I have just added some more info into the English article, feel free to add some more content in Macedonian!. Best, Gikü (разговор) 00:48, 28 март 2020 (CET) Thank you my friend. I have just got interested in Moldovan Wikipedia articles. Salutes. Dandarmkd (разговор) 00:54, 28 март 2020 (CET) ШвајцарецDandarmkd, една минута пред 00.00 ја објави статијата од уредувачкиот ден Инокентиј, 300 на саат бев. :D Dandarmkd (разговор) 00:40, 13 мај 2020 (CEST) Елиф ЕлмасЗдраво. Каде наоѓаш информацијата дека е Елмас со потекло од Јеловјане? Lackope (разговор) 19:10, 25 октомври 2020 (CET) Здраво Lackope. Во статијата за селото Јеловјане, кај графата Иселеништво, некој напишал дека Елмас од тоа село води потекло.Dandarmkd (разговор) 11:20, 26 октомври 2020 (CET) бришење на статијаЗдраво, избришете ја статијава Елементи од периода 1. Поздрав. --77.28.229.4 (разговор) 00:01, 24 ноември 2020 (CET)
бришењеЗдраво, избришете ја статијава Днк (музичко дуо) бидејќи е копија на DNK. Јас ја копирав содржината од новата во старата статија за да ја проширам. Поздрав --77.28.238.226 (разговор) 18:31, 1 декември 2020 (CET) грешка во предлошкаЗдраво, во статијава Славој Жижек, во инфокутијата под името го има знакот ', пробав да го отстранам но не најдов начин. Те молам погледни. Поздрав --77.29.29.80 (разговор) 16:32, 5 декември 2020 (CET) Земи учество во СИЕ Пролет 2021Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST) здраво, помогни ми на проектотздраво, јас сум МК01, те поканувам да ми помогнеш на мојот проект Нециклопедија, еве го https://mk.neciklopedija.org 212.35.189.168 (разговор) 11:43, 15 декември 2022 (CET)
поставување на фотографии и репродукции на графикиЗдраво Dandarmkd, Се работи за познат уметник графичар Иво Мршник, има статија на македонски и словенечки. Уметникот има добиено специјална награда за графичко творештво во Македонија ( Битола). Многу би сакал и важно би било неговите дела и портрет да бидат објавени во македонската редакција а и во словенечката. Неговото семејство и таој самиот се заинтересирани за ова уредување. Прво по инструкциите на википедија во статиите постираа фотографија од авторот. По некој ден им ја избришаа. Јас не сум во состојба со мојот мобилен да направам фотографии бидејќи тие се во Словенија. Дали е можно тие да се јават во редакцијата на википедија и да гарантираат дека не подлежат репродукциите на авторски права? Или која би била можната процедура? Проучував, но искрено, целата постапка ми е многу комплицирана и тешко моам да ја разберам според напатствијата објавени на википедија. Дали моеш да ми помогнеш и да им помогниме и ним како да објават неколку фотографии и репродукции од неговите дела во статија за истиот автор, односно, доклоку е можно ова, барем да ми ги објасниш насоките, етапите, чекорите кои треба да се превземат. Поради бришењето, јас одамна се откажав од постирање на фотографии, што значително ги осиромашува статиите кои сакам да ги објавувам. Ти благодарам и извини што ти одземам од драгоценото време. Поздрав Chnitke
Најдобро ќе биде изворните податотеки да бидат закачени од лицата што ги поседуваат. Закачувањето треба да е на Ризницата (врска каде се закачуваат слики) бидејќи треба податотеките да бидат користени на повеќе јазични Википедии. Секако, за таа цел на закачување, треба да создадат кориснички профил. Поздрав, Dandarmkd (разговор) 15:13, 25 јануари 2023 (CET)
Хемиски соединенија натпреварЗдраво, претходно ви пишав и на маил околку подигањето на наградите, но недобив никакво известување, кога може да се подигнат наградите од натпреварот? Emgp31012207 (разговор) 12:13, 19 јуни 2023 (CEST)
Invitation to Rejoin the Healthcare Translation Task Force![]() You have been a medical translators within Wikipedia. We have recently relaunched our efforts and invite you to join the new process. Let me know if you have questions. Best Doc James (talk · contribs · email) 12:34, 6 August 2023 (UTC) Општини во МакедонијаЗабележувам дека ја отстрануваш категорија Општини во Македонија низ статиите за општините и ја оставаш само матичната категорија, но во таа категорија исто така ја нема категоријата Општини во Македонија туку само кога истите се појавени. Тоа е погрешно, бидејќи на тој начин читателите не можат од едно место да пристапат (една категорија) да дојдат до сите општини во Македонија. Воедно, нема никаква поента да ги нема воопшто категориите и на самата статија. Која е поентата на ова? --Ehrlich91 (разговор) 21:59, 29 октомври 2024 (CET) Thank you for being a medical contributors!
Thanks again :-) -- Doc James along with the rest of the team at Wiki Project Med Foundation 07:22, 26 јануари 2025 (CET) Земете учество во уредувачкиот натпревар на тема „Хемиски елементи и изотопи“Здраво Dandarmkd, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Хемиски елементи и изотопи“ и да создадеме повеќе статии за хемиските елементи и изотопи во периодот од 10 февруари до 9 март, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија! Jtasevski123 (разговор) 11:32, 18 февруари 2025 (CET) Егејска МакедонијаЗдраво Dandarmkd, гледам дека многу измени имаш направено, во кој го одстрануваш делот Егејска Македонија. Да те замолам ако веќе го одстрануваш терминот (Егејска Македонија/Егејскиот дел на Македонија) од предлошките, да ја додаваш рачно категоријата "Луѓе од Егејска Македонија", за да тие луѓе бидат групирани според грчкиот дел на окупирана територија на етничка Македонија. Благодарам, Forbidden History (разговор) 08:45, 22 февруари 2025 (CET) Земете учество во СИЕ Пролет 2025Здраво Dandarmkd, те повикувам да се приклучиш на регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2025“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. Jtasevski123 (разговор) 08:30, 1 април 2025 (CEST) Барање за оценувачки статусДобар ден, се пријавив како кандидат за оценувачки статус. Можете да ја видете мојата кандидатура во тековните номинации. Ако имате време ве молам гласајте, ако имате проблем со мојата кандидатура ве молам дискутирајте го во самата номинација, сакам да го подобрам мојот придонес во македонската Википедија. Ви благодарам. Gurther (разговор) 12:37, 16 мај 2025 (CEST) Земете учество во уредувачката седмица „Управување со отпад“Здраво Dandarmkd, те повикувам да се приклучиш на уредувачката седмица на тема „Управување со отпад“, која ќе трае од 2 до 8 јуни 2025. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 09:48, 3 јуни 2025 (CEST) Статии без илустрација 2025Добар ден Dandarmkd, ве повикувам да се приклучите на меѓународниот натпревар Статии без илустрација 2025, за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Натпреварот ќе трае од 1 јули сѐ до 31 август. Ако имате какви било прашања околу натпреварот можете да ме исконтактирате на мојата разговорна страница или пак на проектната страница за натпреварот. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 15:02, 1 јули 2025 (CEST) Раштански КолибиДобар ден. Забележав дека во некои од статиите на жртвите во Битката кај Раштански Колиби вие го вметнавте податокот дека борбата се одвивала во атарот на село Раштани. Во самата статија зa борбата прикажана е скица каде што се одвивала. Раштански Колиби како месност според моето истражување не постои. Таа најверојатно припаѓа во атарот на Горно Оризари. Gurther (разговор) 17:51, 19 јули 2025 (CEST)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia