Раштани — село во северозападниот дел на Општина Велес, во околината на градот Велес, во долното сливно подрачје на реката Тополка, а на северозападната падина — на ридот Гроот.
Географија и местоположба
Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 380 метри, а од градот Велес е оддалечено 6 километри. Во Раштани работи основно училиште до IV одделение, има неколку угостителски и стопанско-земјоделски објекти и споменик од НОБ, посветен на Февруарскиот поход.
Историја
Стопанство
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
183
—
1953
204
+11.5%
1961
187
−8.3%
1971
173
−7.5%
1981
167
−3.5%
Година
Нас.
±%
1991
323
+93.4%
1994
264
−18.3%
2002
396
+50.0%
2021
286
−27.8%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, селото Раштани има 286 жители од кои сите се Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 257 жители, од кои 219 Македонци, 1 Влав, 1 Србин и 36 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“