Расница (Корошишта)

Расница

Карта

Местоположба 41°13′56″N 20°44′46″E / 41.23222°N 20.74611°E / 41.23222; 20.74611
Основни податоци
Место Корошишта
Општина Струга
Тип

 населба  гробница


Период доцноантичко време
архајско време
Портал „Археологија“

Расницаархеолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Корошишта. Претставува населба од доцноантичко време со богата благородничка гробница од архајскиот период (VI век п.н.е.). Се наоѓа јужно од наоѓалиштата Чифлик и Латинска црква. По површината на нивите се пронајдени фрагменти од керамички садови и питоси, а според кажувањата на мештаните, при обработувањето на земјата се наидувало на темели од објекти.[1] Во 2020 г. е пронајдена и раскошната гробница на месен благородник од предантичко време.[2]

Гробница

Во 2020 г. во месноста откриена импозантна гробница со должина од 7 и ширина од 4,5 м. Пронајдени се раскошни дарови кога мештанинот Букури Шемшедини открил шлем при орање на нивата.[2] Шлемот бил предаден на Заводот и музеј во Охрид. Ископувањата почнале во 2023 г. по добиената дозвола од сопственикот на нивата Шефит Шемшедини под водство на археологот Перо Арџанлиев. Во 2024 г. наодите да бидат претставени пред јавноста.[2] Покрај шлемот, најдени се бронзен штит[3], вредни златни предмети како нараквица, златен накит и разни фигуринки. Покојникот бил член на владејачко семејство кое го контролирало ова подрачје.

Наодите се споредливи со некрополата во Требеништа, но и со други најзначајни наоди на Балканот како гробницата Аларе (денес Архондико) во Ениџевардарско и Текелиево (денс Синдос)[2] во Слунско, обете во Егејска Македонија.

Поврзано

Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Вредни наоди откриени на локалитетот „Расница" – Корошишта“. НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид. 9 ноември 2024. Посетено на 10 ноември 2024.
  3. „Презентирани вредните наоди откриени на археолошкиот локалитет Расница во Охридско-струшкиот регион“. Нова Македонија. 8 ноември 2024. Посетено на 10 ноември 2024.


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya