На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Коросишта е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Албанци.[7]
Според попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.717 жители, од кои 1 Македонец, 1.698 Албанци, 1 Србин и 17 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.201 жител, од кои 1 Македонец, 1.179 Албанци, 1 останат и 20 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот помеѓу 1977-1979.
Родови во селото се:Каличи (30 к.) доселени се од селото Себишта, Голо Брдо. Во родот се знае следното родословие: Абиб (жив на 40 г. во 1980 година) Шабан-Џемаил-Рустем, основачот на родот кој се доселил; Лешко (15 к.) доселени се од селото Лисичани, Голо Брдо, го знаат следното родословие: Скендер (жив на 72 г. во 1980 година) Азис-Далип-Каплан, се доселил споменатиот Далип кој живеел 120 години; Борова (12 к.) доселени се од селото Борово, Голо Брдо; Којовец (13 к.) доселени се од селото Којовец, Голо Брдо (Дебарско); Дока (5 к.) доселени се однекаде, старото презиме им е Нурелар; Абдулаји (15 к.) и Коџаџику (11 к.) доселени се од селото Коџаџик, Дебарско. Потеклото им е турско.[14]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите.
Родови во селото се:Коџа (2 к.) најстар род во селото, за нив некои велат дека се староседелци; Алимлар (3 к.) и Авдула (10 к.) доселени се одамна од Дебарско; Каличи (13 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Себишта, Голо Брдо; Себиштас (8 к.), Исеилар (4 к.) и Алај (15 к.) исто потекло како и претходниот род, доселени се помеѓу 1800 и 1820 година; Јашарлар (9 к.) порано зборувале македонски, доселени се од селото Јабланица, Дримкол; Борова (6 к.) доселени се од селото Борово во Голо Брдо; Алут (1 к.) доселени се од воглавно торбешкото село Клење, најверојатно се исламизирани Македонци; Коевец (21 к.) доселени се од селото Којовец, Голо Брдо; Коџаџикас (18 к.) доселени се од селото Коџаџик, Дебарско; Фида (8 к.) доселени се од областа Матија во северна Албанија; Дока (15 к.) доселени се од блиското село Поум околу 1845 год; Лога (1 к.) доселени се одма после претходниот род од истото село; Ќирос (1 к.), Ајдери (1 к.), Деко (1 к.), Ќафелар (1 к.), Куртиш (1 к.), Назмин (1 к.), Махмуд (1 к.) и Муса (1 к.) доселени се заедно во 1923 година од селото Песочани, Дебрца; Влаши (1 к.) доселен во 1947 година од селото Велешта; Исеин Тефик (1 к.)Ром е. Доселен како ковач од селото Волино, не се знае подалечното потекло.[15]
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 102–103. ISBN954-8187-21-3.
↑Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“