Репрезентација на Канада во хокеј на мраз
Репрезентација на Канада во хокеј на мраз (популарно познат како Тим Канада, француски: Équipe Canada) — rепрезентација за хокеј на мраз кој ја претставува Канада на меѓународно ниво. Тимот е под Канадскта федерација по хокеј, член на Интернационалната хокеј-федерација. Од 1920 до 1963 година, меѓународна застапеност на Канада била од страна на високи аматерски клубови. Канадскиот национален машки тим е основан во 1963 година од страна на Дејвид Бауер како дел од канадската аматерска асоцијација, играјќи на Универзитетот во Британска Колумбија[2]. Прекарот Тим Канада за првпат се користел во 1972 година и оттогаш се користи за да се идентификува канадската репрезентација. Канада е водечка репрезентација за хокеј на мраз во меѓународно ниво, и има освоено четири од пет Канадски првенства кои датираат од 1976 година, девет олимписки златни медали (најмногу во светот), меѓу кои и три од последните четири: 2002, 2010 и 2014 година. Тие биле 26 пати светски шампиони во Светскиот куп и победници на Светското првенство во хокеј во 2004 и 2016 година. Канада е членка на т.н. „Голема шесторка“, неофицијална група од шесте најсилни машки нации по хокеј, заедно со Чешка, Финска, Русија, Шведска и САД[3]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia