Зимски олимписки игри 1948
V Зимски олимписки игри се одржале од 30 јануари до 8 февруари 1948 година во Санкт Мориц, Швајцарија. Тоа биле вторите Олимписки игри во овој град, по Зимските олимписки игри 1928. По паузата од 12 години на неодржување на Олимписките игри, поради Втората светска војна, Зимските олимписки игри доживеале нов почеток. Поради вмешаноста во војната, Германија и Јапонија добиле забрана да учествуваат на игрите. Натпреварувачката програма, повторно содржела натпревари во скелетон, но по игрите, овој спорт не бил дел од олимиската програма, сè до Зимските олимпписки игри 2002. Избор на град-домаќинГрадот Санкт Мориц бил избран за град-домаќин на игрите на седница на МОК, која се одржала во септември 1946 година. Поради кратката временска рамка, Организацискиот комитет на игрите, со подготовките започнал уште веднаш.[1] Со овој избор, Санкт Мориц станал првиот град во кој биле организирани Зимски олимписки игри по вторпат. Краток преглед
СпортовиНа игрите, биле доделени медали во 22 дисциплини во 4 спортови. Демонстративни спортови биле воената патрола (спорт сличен на биатлон) и зимскиот петобој (спорт кој се состои од алпско скијање, скијачко трчање, мечување, стрелаштво и коњички спорт). Распоред на натпревариВо продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.
Земји-учеснички*зелено = земји кои учествувале и претходно * жолта точка - место на одржување на игрите На игрите во Санкт Мориц во 1948 година учествувале вкупно 669 спортисти од 28 земји (на игрите во 1936, исто така учествувале спортисти од 28 земји)[2] За првпат на Зимските олимписки игри учествувале: Данска, Исланд, Јужна Кореја, Либан и Чиле.[3] Поради вмешаноста во Втората светска војна, на Германија и Јапонија не им било дозволено да учествуваат, а Естонија и Летонија биле анексирани кон Советскиот Сојуз во 1940 година и не учествувале како самостојни земји, сè до 1992 година. Аргентина се вратила на игрите по пропуштените игри во 1936, а Австралија и Луксембург, кои учествувале на игрите во 1936, не учествувале.
Освојувачи на медалиВо табелата се дадени првите десет земји по бројот на освоени медлаи.[4]
ПоврзаноНаводиНадворшни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia