Зимски олимписки игри 1936
IV Зимски олимписки игри се одржале од 6 до 16 февруари 1936 године во Гармиш-Партенкирхен, Германија. Истата година, Германија била домаќин и на Летните олимписки игри, кои се одржале во Берлин. Тоа било за последен пат обете Олимписки игри во иста година да се одржат во иста земја.[а] На овие игри, за првпат во натпреварувачката програма се нашле дисциплините од спортот алпско скијање. Меѓутоа, поради аматерските правил, на учителите по скијање им било забрането учеството, бидејќи ги сметале за професионалци. Поради тоа, алпските скијачи од Франција и Швајцарија ги бојкотирале натпреварите во овој спорт. Краток преглед
СпортовиСпортистите биле одликувани со медали во 17 дисциплини во 8 спортови. Демонстративни спортови биле воена патрола (спорт сличен на биатлон) и ајсшток (спорт сличен на карлинг). Распоред на натпревариВо продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.
Земји-учеснички*зелено = земји кои учествувале и претходно * жолта точка - место на одржување на игрите На игрите, 28 земји испратиле свои спортисти, чиј вкупен број изнесувал 646. За првпат на Зимските олимписки игри учествувале: Австралија, Бугарија, Грција, Лихтенштајн, Турција и Шпанија. Повторно со свои спортисти на Зимските олимписки игри учествувале Естонија, Југославија, Летонија и Холандија, кои не учествувале на игрите во 1932 година. Освојувачи на медали
ПоврзаноБелешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia