Зимски олимписки игри 1960
VIII Зимски олимписки игри се одржале од 18 до 28 февруари 1960 година во Скво Вели, САД. Организаторите, успешно го подготвиле Олимпиското село, натпреварувачките играишта и сите останати потребни објекти. Но, проблем било топлото време, па така околу десетина дена пред почетокот на игрите, буквално се стопило целото привремено паркиралиште, направено на замрзната подлога и лед. Поради, тоа морала да интервенира војската, која донела лед од околните планини и успеала да го обнови паркиралиштето. Недостаток било тоа што немало патека за одржување на натпреварите во боб, па ова биле единствените Олимписки игри, на кои не се одржале натпрвари во овој спорт. Од друга страна, за првпат резултатите биле компјутерски обработени, а за тоа се погрижила компанијата ИБМ. Избор на град-домаќинАлександар Кушинг, кој бил создавач на скијачкото место Скво Вели се заинтерсирал за кандидатура на местото за организирање на Зимските олимписки игри, откако прочитал за интересот за организирање на Зимски олимписки игри од страна на челниците на градовите Рено, Невада и Енкориџ. Скво Вели бил град без градоначалник, кој го содржел само скијакото место. Всушност, Кушинг бил единствениот жител во целото подрачје.[1] До денес, на многумина им е нејасно како биле убедени членовите на МОК да ја прифатат кандидатурата на местото и како истото било изгласано за организација на игрите.Сепак, Меѓународниот олимписки комитет, на чело со Ејвори Брендиџ ја прифатил кандидатурата, а Кушинг започнал со активностите на обезбедување на гласови од јужноамериканските земји-членки на МОК, кои не биле многу заинтересирани за Зимските олимписки игри, а при изборот имале рамноправно право на глас. Одлуката за организација на игрите била донесена на 50. седница на МОК, одржана на 16 јуни 1955 во Париз, а во конкуренција биле уште Инсбрук, Гармиш-Партенкирхен и Санкт Мориц. Во конкуренција на два града, во кои веќе биле организирани три Зимски олимписки игри, Скво Вели и Инсбрук останале во вториот круг, во кој за два гласа организацијата на игрите му била доделена на Скво Вели. Веднаш, по доделувањето на организацијата започнале да се гради поволна инфраструктура, голем број на терени и игралишта, хотели, ресторани и сл. Критките за големата надморска висина, лошата местоположба и недостигот на вештина се покажало дека биле само делумно оправдани, откако натпреварите завршиле.[2] Дизајнерот на Олимписки терени, Вилијам Шефлер, четири дена се движел по планините, по што изјавил дека местотоо е достојно за создавање на Олимписки терени. Негова заслуга била работата за организирање на Зимските олимписки игри 1936, а неуморно се вклучил и во создавањето на потребните терени за овие игри.[3] Сепак, патеките за алпско скијање и скијачко трчање биле толку тешки, така што настанале контроверзи.[2]
Краток преглед
СпортовиНа игрите биле доделени медали во 27 дисциплини во 4 спортови. Поради недостигот на патека за натпревари во боб, за прв и единствен пат натпревари во овој спорт не се одржале. На игрите бил воведен спортот биатлон, кој оттогаш станал редовен дел од Олимписката програма на сите Зимски олимписки игри. Демонстративни спортови повтроно немало. Распоред на натпревариВо продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови.
Земји-учесничкиУчество на игрите земале 665 спортисти од 30 земји. За првпат на Зимските олимписки игри учествувала Јужноафриканската Република.[2] Спортистите од Западна и Источна Германија, повторно се натпреварувале како дел од Обединетиот тим на Германија. Освојувачи на медали
ПоврзаноНаводи
Надворшни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia