Роберт Гесинк
Роберт Гесинк (холандски: Robert Gesink; р. 31 мај 1986) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[2] Негови големи победи се Трката околу Калифорнија 2012, Трката околу Оман 2011, Гран при Монтреал 2010 и Гран при Квебек 2013. Исто така, Гесинк има победено двапати на Џиро дел’Емилија и покажал добри резултати на големите трки, благодарение на неговите вештини за искачување.[3] КариераРани годиниНа Светските јуниорски првенства во 2004 во Верона, Гесинк завршил осми на поединечниот хронометар и шести на друмската трка, а во меѓувреме возел за екипата Де Педеларс. По ова успешно првенство преминал во екипата Ловик-Ван Лосер на една година. Ѝ се приклучил на континенталната екипа на Рабобанк во 2006. Завршил на третото место во генералниот пласман на Волта ао Алгарве и го освоил генералниот пласман и третата етапа на Сетимана Сиклиста Ломбарда. Подоцна, освоил етапа и генералниот пласман на Сиркуто Монтањес и завршил втор на престижната трка Тур де л’Авенир. Гесинк првично потпишал двегодишен договор со Рабобанк континенталната екипа, но екипниот менаџер Тео де Роеј одлучил да го премести во UCI ProTeam Рабобанк за сезоната 2007.[4] 2007Во неговата прва година како професионален велосипедист, Гесинк ја освоил маичката за млад возач на Трката околу Калифорнија. Завршил 9. на неговата прва UCI Pro Tour трка, на Флеш Валон, каде било пресметано дека Гесинк најбрзо го поминал искачувањето Мур де Хуј. Откако влегол во првите 15 на Тур де Романди, каде победил неговиот колега Томас Декер, тој ја освоил првата трка како професионалец на кралската етапа на Трката околу Белгија, кога ги поминал сите на Кот де ла Редут. Следната месец завршил надвор од првите десет на Класика де Сан Себастијан, петти на Трката околу Германија и втор на Трката околу Полска. Подоцна бил избран да вози на Светските друмски првенства UCI во Штутгарт. На Џиро ди Ломбардија завршил петнаесетти. 2008Во 2008, негова втора година како професионалец, покажал напредок преку освојување на најтешката етапа на Трката околу Калифорнија, каде Гесинк се одвоил на последното искачување и единствено Леви Лајпхајмер го следел. Останале пред групата и по 35. километри спуст и рамен терен, а Лајпхајмер не учествувал во спринтот со Гесинк. Гесинк повторно ја освоил маичката за млад возач и завршил 9. во генералниот пласман. На Париз-Ница завршил втор на етапата до Мон Серен, пет километри пред врвот на Мон Венту, каде бил поминат од Кедел Еванс. Потоа ја загубил маичката на претпоследната етапа до Кан, бидејќи останал сам на Кол де Танерон, но и внимателното спуштање од него, му допуштил на Давиде Ребелин да ја преземе водечката маичка. Завршил четврти во генералниот пласман, 51 секунда зад Ребелин, но го освоил пласманот за млад возач.[5] Исто така завршил дванаесетти на Вуелта ал Паис Васко и имал доста успешни настапи на арденските класици со четвртото место на Флеш Валон. Во септември, завршил седми на неговата прва голема трка, Вуелта а Еспања. 2009Во 2009, Гесинк завршил четврти во генералниот пласман на Дофине. Го започнал неговиот прв Тур де Франс но го скршил рачниот зглоб при пад на етапата 5. Ја завршил етапата, но морал да се повлече од трката поради неговите повреди.[6] Закрепнал на време за да учествува на Вуелта а Еспања. Ја завршил трката на шестото место, иако бил втор во текот на трката, но поради падот при кој се здобил со длабоки исеченици на коленото, не бил во можност да го сочува местото при последните планински етапи. Потоа, Гесинк се насочил кон подобрување на формата за Светските првенства во Мендрисио, но не можел да се опорави доволно брзо и не бил во можност да ја заврши трката. Меѓутоа, една недела подоцна се вратил и ја однел победата на Џиро дел’Емилија, победувајќи ги Јакоб Фуглсанг и Томас Лефквист на целта во спринт. Исто така завршил како шести на Џиро ди Ломбардија и ја завршил сезоната како 10. во Светскиот ранкинг на UCI. 2010![]() Распоредот на Гесинк за 2010 бил скоро ист како во 2009, единствено овој пат успеал да има добар резултат на Тирено-Адријатико (5.). Поради отсуството на, меѓу другите, Алберто Контадор и Кедел Еванс, започнал како еден од фаворитите на Трката околу Баскија. Бил одличен на најважната етапа на трката, кога бил помеѓу првите тројца и имал шанса за победа на трката, но на петтата етапа повторно паднал. На крајот завршил 9. и изгледало дека ја има потребната форма за класичните трки. На Амстел Голд Рејс, Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж имал разочарувачки трки и не можел да се бори а победа. Потоа заминал на тренирање низ планините Сиера Невада во Шпанија. Во меѓувреме не настапил на ниедна трка, насочувајќи се на Тур де Франс. Неговата форма во текот на Тур де Свис била одлична, каде успеал да ја освои најтешката етапа. Со таа победа ја преземал водечката маичка од Тони Мартин. На завршниот хронометар имал лош ден и ја изгубил водечката позиција во однос на Френк Шлек. На крајот завршил како петти. Учествувал на Тур де Франс 2010 по вторпат и го завршил по првпат. Гесинк завршил шести во генералниот пласман, прв Холанѓанец кој завршил толку високо во генералниот пласман по една деценија и втор во пласманот за млад возач. Исто така ја носел белата маичка од етапата 10 до 15. По Тур, Гесинк победил на Џиро дел’Емилија втора година по ред. Во октомври, Гесинк го загубил својот татко, кој починал по несреќа со својот велосипед.[7] 2011Почетокот на сезоната за Гесинк бил продуктивен, со две етапни победи на Трката околу Оман (една со завршница на нагорнина и еден поединечен хронометар, каде го победил светскиот првак Фабијан Канчелара) и освојување на генералниот пласман и пласманот за млад возач. Го преземал водството на трката по четвртата етапа на Тирено-Адријатико, но го загубил наредниот ден од Кедел Еванс. На завршниот хронометар, Гесинк се искачил во генералниот пласман од петтото до второто место. Продолжил со добрата форма на Трката околу Баскија, каде завршил трет во генералниот пласман. Сепак, не продолжил со оваа добра форма на арденските класици, кога деветтото место на Амстел Голд Рејс бил неговиот најдобар резултат на трите трки, на кои владеел Филип Жилбер. Во септември доживеал пад при тренирање и ја скршил ногата на четири места, поради што имал операција која оставила штрафови во неговото тело.[8] 2012По лошиот почеток на сезоната, Гесинк ја пронашол својата форма на Трката околу Калифорнија. Завршил трет на екипниот хронометар и ја освоил престижната победа на седмата етапа од трката, кога нападнал на 4,5 километри пред крајот за преземање на водечката маичка и етапна победа.[9] Неговата водечка позиција не била доведена во прашање на кратката последна етапа и ја освоил својата прва трка по победата на Трката околу Оман 2011. На Тур де Франс 2012 бил сметан за една од холандските надежи, кои можеле да завршат во првите десет, но паднал во масовната несреќа, која се случила на шестата етапа, здобивајќи се со повреди на ребрата. Се борел со болките, но сепак се откажал на етапата 11.[10] Потоа учествувал на Вуелта а Еспања и бил на шестото место на крај зад победникот Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк). Гесинк секогаш бил со водечката група низ планините, што му овозможило да дојде до високиот пласман.[11] 2013Гесинк имал лоша сезона во 2013 година. Целел кон победа на Џиро д’Италија, иако ја напуштил трката во втората недела. Негова единствена победа била на Гран при Квебек во септември. 2014Гесинк имал ветувачки почеток во 2014 година, завршувајќи шести на Тур Андер Даун и петти на Трката околу Оман. Меѓутоа, неговата сезона била нарушена со проблемите на срцето, поради кои морал да оди на операција, спречувајќи го од настап на Тур де Франс, поради што се насочил кон Вуелта. Меѓутоа, додека бил на седмото место на Вуелта, се повлекол пред осумнаесеттата етапа за да биде со неговата бремена жена, која започнала да се пораѓа.[12] 2015По настапот на Волта ао Алгарве, Гесинк се здобил со повреда на коленото. Се вратил на Флеш Валон, каде завршил на 25. место. Потоа настапил на Тур де Романди и завршил на 15. место во генералниот пласман.[13] Потоа се насочил на Тур де Франс. Гесинк возел на Тур де Свис како подготовка за Тур де Франс и завршил на солидното деветто место. Но, немал подобар резултат на Тур де Франс, каде завршил шести, веднаш зад Контадор и Нибали. 2016Главна цел за сезоната 2016 била Тур де Франс, меѓутоа Гесинк паднал на Тур де Свис и немал шанси да се опорави за Тур. Наместо тоа, возел на Вуелта а Еспања и ја освоил етапата 14. Исто така, завршил на подиум неколкупати на Вуелта. Гесинк возел на Џиро ди Ломбардија, каде го освоил 7. место. 2017За сезоната 2017, главна цел на Гесинк му била етапна победа на Тур де Франс и стигнал многу близу до тоа на осмата етапа, кога завршил втор зад Лилијан Калмежан. За жал, Гесинк го напуштил Тур на деветтата етапа откако паднал. Се вратил со тренинзи на почетокот на октомври. 2018Гесинк продолжил да работи напорно во зимата, поради што немал одмор како останатите. Неговата цел му била трката Тур Даун Андер, на која на крајот завршил на 10. место. Една недела подоцна, возел на Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“, каде завршил на 11. место, како во 2017 година. Гесинк имал амбиции за победа на етапа на Џиро д’Италија и работел како помошник за Џорџ Бенет поголемиот дел од треката, пред да тргне во напад на 20. етапа, каде завршил втор зад летечкиот Микел Ниеве. Гесинк учествувал на Тур де Франс и работел на првата етапа на чело на групата за да ја намали разликата од бегството, за да може Дилан Груневеген да ја освои жолтата маичка во спринтот, но Груневеген завршил шести на самиот спринт. Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Други поважни етапни трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia