Саат-кула (Кратово)Саат-кула во Кратово — саат-кула во градот Кратово, една од шесте кули кои останале од средновековниот и турскиот период на градот. Се претпоставува дека е изградена во доцниот среден век (веројатно во 1372 г.)[1], а во текот на османлискиот период живееле богати турски бегови. ГрадбаКулата е ѕидана од клесан камен, којшто се вадел од околината на градот, а покривот е од камени плочи. Внатрешноста на кулите е поделена на 3 ката, од кои горните се со по еден балкон и одделенија за живеење. Прозорците се заштитени со железни решеткии и се со различни димензии, во долниот дел тие се потесни и издолжени, додека на погорните катови се пошироки. ОбноваВо 2004 година со средства на Министерството за култура, кулата за првпат е делумно санирана, реконструирана и преуредена со мали поставки кои се наоѓаат на првиот и вториот кат, додека на третиот кат посетителите можат да одморат во удобна атмосфера гледајќи низ прозорците или од балконот кон средновековното Кратово. Од 2008 година, Саат-кулата му припаѓа на градскиот музеј, кој управува со нејзе и се грижи за самата градба. Музејска поставкаВо рамките на кулата се наоѓаат мала музејска поставка која го прикажува Кратово низ вековите. ЧасовникЧасовникот на кулата одамна не е во функција и не постои никаков механизам за часовник внатре во кулата. Сепак поради тоа што некогаш постоел механизам со часовник во самата кула, оттаму самата кула го добила и своето име.[1] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia