Саат-кула (Стар Дојран)
Саат-кула во Стар Дојран — саат-кула во Стар Дојран, подигната во 1372 година како поклон за некогашниот град Дојран од страна на Евренос-бег.[1] МестоположбаСаат-кулата се наоѓа на рид над Дојранското Езеро, каде што некогаш се наоѓала горната Турска чаршија, во близина на амамот и чешмата. Денес, до нејзе води улицата „Антон Панов“ и е сместена меѓу куќи.[1] ГрадбаПрвобитната градба на саат-кулата била висока околу 15 метри и бидејќи била сместена на една од повисоките точки во околината, нејзиниот часовник се гледал од секаде, а дополнително имало и ѕвоно кое отчукувало на секој саат.[1] Кулата има квадратна основа од 4х4 метри и била ѕидана т.н. опус клоазоне — со дебели редови од камен и тенки редови од тула. Изгледот на градбата во минатото е документиран само на неколку стари фотографии пред Балканските војни.[1] На врвот на кулата имало шпицаст кров, додека на дното од нејзе имало една главна врата и неколку тесни процепи за светлина.[1] ИсторијаСаат-кулата била изградена во времето на Евренос-бег. Саат-кулата настрадала за време на Балканските војни. Часовникот сите граѓани ги известувал за времето, трговците и занаетчиите за отворање и затворање на дуќаните, рибарите за одење на мандрите.[2] КонзервацијаВо 2020 година, Општина Дојран го најавила проектот за реконструкција на Саат-кулата и Стариот амам, финансиран од Европската Унија. Изградбата започнала во 2021 година и на 5 Ноември, денот на ослободувањето на Дојран, кулата била пуштена во употреба.[1] Кулата пред обновата била срушена до два метри, а сега е висока 10 метри и на сите страни поседува часовник. Воедно, преку проектот се уредила и околината околу кулата со урбана опрема.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia