Саат-кула (Крива Паланка)
Саат-кула (Крива Паланка) — времемерно здание во градот Крива Паланка.[1] Била сместена на една височинка од десната страна на магистралниот пат кон Бугарија, кој поминува низ градот. ИсторијаСе смета дека била изградена кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Поради дотраеност била урната во 1958 година.[1] АрхитектураИмала квадратна основа и висина од 12 метри.[1] Била изѕидана од камен дебел половина метар, а во внатрешноста воделе дрвени скали. Најгоре се наоѓал механизмот на часовникот и големо месингено ѕвоно. Механизмот бил поврзан со две дебели јажиња со тегови, кои наизменично се кревале и спуштале во дупка. За часовникот се грижел Али-бег, познат саатчија. Се навивал секои 24 часа.[2] ОбноваСо обновата на административната зграда на Општина Крива Паланка, градот Крива Паланка повторно добил градски саат, кој бил поставен на врвот на новата зграда.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia