Саат-кула (Свети Николе)
Саат-кулата во Свети Николе — времемерно здание во градот Свети Николе.[1] Светиниколската саат-кула е сместена во најважниот дел на градот, веднаш до црквата „Св. Никола“. Не е познато кога е изградена, но се претпоставува дека е изградена во првата половина на XIX век, кога била изградена и самата црква. ИсторијаСпоред еден извор се верува дека саат-кулата била изградена во првата половина на XIX век, кога била изградена и самата црква „Св. Никола“ во градот, додека според други извори се верува дека била изградена во 1902-1903 година од страна на Наце Бујков, еден од најбогатите и најпознати трговци во тоа време.[2] Во поново време била реставрирана.[2] Нејзиното управување и одржување е надлежност на Општина Свети Николе. ЧасовникЧасовникот во светиниколската саат-кула работи на отчукувања, така што ако е еден часот, ќе има едно отчукување.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia