Саат-кула (Неготино)
Саат-кула во Неготино — саат-кула во Неготино, подигната во почетокот на XIX век, поточно во текот на 1810 година,[1], од Хаџи Таир-ага Синан близу неговиот чифлиг. Тој го изградил и безистенот во Неготино, кој изгорел во пожарот од 1913 година. За историјата на кулата може да се прочита на натписи над влезот на кулата, кои се напишани на арапски јазик. ИзгледВо основата, кулата е шестаголна, висока околу 15 метри, и е ѕидана исклучиво од камен, со блокови со дебелина од околу еден метар. Горниот дел завршувал со дрвена конструкција, во кој бил поместен саатот (подоцна урнат). Од западната страна се наоѓа влезот изработен од кршен камен со полукружен надвратник. КонзервацијаВо текот на 2015 година се појавиле планови за нејзина конзервација, по што се очекува објектот да биде и заштитен. Проектот за конзервација на саат-кулата во Неготино е во соработка помеѓу локалниот Музеј на град Неготино, општината и Министерството за култура на Македонија со средства во висина од 500 илјади денари.[2] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia