Самуел Умтити
Самуел Умтити (роден на 14 ноември 1993) — француски фудбалер со камерунско потекло, играч од одбраната на Барселона и на француската репрезентација. Тој може да игра на две позиции во одбраната како централен дефанзивец или лев бек.[1] Тој исто така е поранешен репрезентативец на Франција во помладите категории до 17, 18, 19, 20 и 21 година, а од 2016 настапува за сениорската репрезентација КариераУмтити дошол во Лион од екипата на Менивал во 2001 година на возраст од само 8 години. Тој ги поминал сите младински категории, и во летото пред почетокот на сезоната 2011-12 бил вклучен во првиот тим на Лион добивајќи го дресот со број 23. Своето официјално деби за клубот го направил на 8 јануари 2012 во победата над Лион Душер со 3-1 во Купот на Франција.[2] Само шест дена подоцна тој дебитирал и во лигата во поразот од Монпелје со 1-0. Умтити бил стартер и го одиграл целиот тој натпреавар. Така младиот дефанзивец го започнал пробивот во првиот тим на Лион и таа сезона ја завршил со вкупно 12 настапи во лигата од кој на 11 бил во почетната постава. Во текот на следната сезона Умтити бил уште повеќе стандарден и одиграл 26 првенствени натпревари. На 12 јануари 2012, тој го постигнал својот прв официјален погодок во неговата професионална кариера носејќи му ја победата (2-1) на Лион на гостувањето кај Троја со гол во 75-тата минута.[3] На 30 јуни 2016, Умтити потпишал петгодишен договор со Барселона во трансфер вреден 25 милиони евра.[4][5] Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia