Тома Лемар
Тома Лемар (роден на 12 ноември 1995) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Атлетико Мадрид и на француската фудбалска репрезентација. КариераЛемар ја започнал својата фудбалска кариера во младинската школа на Солидарите Сколер, екипа од Гваделуп, каде што играл до 2010 година. Во 2010 година бил купен од страна на Кан, каде ја започнал својата кариера како професионалец. Дебитирал за првиот тим на Кан во Лига 2 на 2 август 2013, влегувајќи како замена на местото Жером Ротен во 78-мата минута, во победата на Кан на домашен терен со 3-1 над Дижон. На 26 јуни 2015 година бил купен од страна на Монако за 4 милиони евра,[1] потпишувајќи договор кој го врзува за клубот од кнежевството на пет години.[2] Својот првиот гол во дресот на Монако го постигнал против Тулуза во ремито на гости 1-1. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia