Џибрил Сидибе (француски фудбалер)
Џибрил Сидибе (роден на 29 јули 1992 во Троа) — француски фудбалер, играч од одбраната на Евертон на заем од Монако и на француската репрезентација. Клупска кариераРана кариераЏибрил Сидибе игра на позицијата лев или десен одбранбен играч, но исто така може да биде користен и во средниот ред. Тој ја започна својата кариера во родниот град во тимот на Троа во 2000 година на 8 годишна возраст.[1] Сидибе го имаше своето деби во за тимот на Троа во текот на шамионатот во сезоната 2009–10 каде што клубот настапуваше во третата француска дивизија. Тој го направи своето професионално деби на 17 септември 2010 година на натпреварот против Гренобл.[2] ЛилОткако ѝ помогна на Троа да се врати во Лига 1, Сидибе како 19 годишно момче потпиша за Лил во јули 2012 година, како замена за Матие Дебуши.[3] Сидибе го имаше своето деби за Лил, на 25 август 2012 година против Ница, и тоа беше прв негов настап како стартер во Лига 1 и тој тоа го означи со постигнувајќи на гол во 59 та минута со изедначување на 2-2.[4][5] Во Лил во сезоната 2012–13 на мечот број 5 против Бате Борисов во Минск на 20 ноември, Сидибе му помогна на Лил да издвојува победа, после поразот од првиот меч во Франција со резултат 3-1. Сидибе беше исклучен во второто полувреме, но Лил го одржа водството и победи со 2-0 победа, и со тоа обезбеди доволно бодови за следната фаза групата од Лигата на Шампионите 2012-13 година.[6] Сидибе постигна гол за израмнување, за Лил против Париз Сен Жермен во купот на Франција 2016 година, но сепак ПСЖ го доби натпреварот со 2-1. Монако2016-2017 сезонаНа 8 јули 2016 година, Сидибе се придружи на Монако со пет годишен договор.[7] На 22 ноември, Сидибе го постигна првиот гол преку асистенција на Бенџамин за првиот гол на Монако во 48 минута и му овозможи на Томас Лемар во 53-та минута да постигне гол за Монако и да го поразат Тотенхем со 2-1 дома во сезоната 2016-17 во групната фаза од Лигата на шампионите во групата Е во натпревар од 5 коло и да го обезбеди Монако дека ќе заврши на врвот на групата Е .[8] Репрезентативна кариераСидибе не беше дел од фудбалската репрезентација на Франција на УЕФА Евро 2016. [9] На 25 август 2016 година, Сидибе првпат беше повикан во селекцијата на Франција за пријателскиот натпревар против Италија и за квалификациите за светското првенство во 2018 година против Белорусија.[10] Своето деби го направи на 1 септември на стадионот на фудбалскиот клуб Бари Св Никола одигрувајќи го целиот меч во победата со 3–1 .[11] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia