Карипци
Карипци (грчки: Χλωρονομή, Хлорономи; до 1927 г. Καρίπτσια, Карипција[1]) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес на територијата на Општина Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓа во северозападниот дел на Лагадинското Поле, северозападно од Лагадина. Местото се наоѓа крај денешнит автопат Солун — Драготин (А25). Најблиски населени места се Ракли на југоисток и Ајватово на југозапад. ИсторијаВо 1797 г. се спомнува потурчувањето на Македонецот Јане Митрев (Јано Митре) од селото Карипци, Лагадинско.[2][3] Оваа населба порано била турски чифлик, за првпат попишан во 1920 г. со 354 жители.[4] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На ова место дошле грчки доселеници што основале нова населба. Во 1927 г. местото е преименувано во Хлорономи. Во 1928 г. во селото се попишани 212 жители.[4] Поради неповолните услови за живот населбата почнала постепено да се распаѓа. Карипци за последен пат е попишано во 1940 г. со 48 жители. Селото е наполно напуштено некаде во 1940-тите бидејќи отсуствува од повоените пописи.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia