Светско првенство во водени спортови 2013
XV Светско првенство во водени спортови (шпански: Campeonato Mundial de Natación de 2013) — светски натпревар во водени спортови одржан од 20 јули до 4 август 2013 во Барселона, Шпанија.[1] Во составот на првенството се наоѓале 6 поединечни спортови, и тоа: пливање, ватерполо, скокови во вода, високи скокови во вода, далечинско и синхронизирано пливање. Првенството најпрво било доделено на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, во јули 2009; но Дубаи се откажал од првенството во мај 2010.[2] ФИНА повторно отворила конкурс за организација, и на 16 септември 2010 било одлучено Барселона да биде домаќин на првенството.[3][4] Градот исто така бил домаќин и на Светското првенство во 2003. Спортски објектиСпортските објекти каде што се одржаа натпреварувањата беа претходно искористени за Светското првенство во водени спортови 2003:[5]
Табела на медали* Домаќин
Распоред на натпреварувањеОва било прво првенство во водени спортови кое вклучувало високи скокови во вода.[6] Свеченото отворање на првенство било одржано на 19 јули 2013.[7]
НатпреварувањаСкокови во водаВисоки скокови во водаДалечинско пливањеПливањеСветски рекордиСледниве светски рекорди биле поставени за време на првенството:
Синхронизирано пливањеВатерполоЗемји учеснички181 држава биле дел од првенството.[8][9][10][11] Спортистите од Еквадор, поради суспензија од ФИНА кон Еквадор, настапувале под знамето на ФИНА како независни спортисти.[12]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia