Гоце Петрески
Гоце Петрески (роден во 1953 година во Крушево) — македонски економист и поранешен министер за развој во првата влада на Република Македонија.[1] ЖивотописЗавршил гимназија, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, со труд поврзан со Кејнзовата теорија. Завршил постдипломски студии од областа на економскиот развој и методите на економска анализа. Магистрирал со трудот “Cost-Benefit анализата и нејзината примена во оценката на инфраструктурни проекти”. Во 1989-1990, како стипендист на ООН завршил постдипломски студии од областа на населението и развојот, во Центарот за развојни студии при Универзитетот “Џавахарлал Нехру” во Индија и работел завршен труд поврзан со структурните промени во економијата. Докторирал со одбрана на дисертација на тема “Анализа на целите на развојот и оценувањето на проектите”. Во својата академска кариера од почетното вработување од 1978 година бил координатор или член на тим и држел настава на повеќе дисциплини на додипломски студии: економски развој, инвестиции, економија на трудот, принципи на економијата, економија на трудот и неколку други дисциплини на постдипломски студии на својот и на други факултети и универзитети. Објавил над 100 наводи и неколку книги, самостојно и во соавторство. Учествувал на поголем број меѓународни симпозиуми и научни собири (Лондон, Вашингтон, Стокхолм, Варшава, Хаг и др.) Остварил студиски престои во Хаг, Стокхолм и Лондон. Работел на повеќе истражувачки проекти и емпириски студии. Стекнал сертификати за обука во следните области: Развој на малите и средни претпријатија, Сеул, Кореја; Управување со големите претпријатија, Токио, Јапонија; Приватизација и претприемништво, Бон, Германија; Финансиска анализа и евалуација, “Coopers & Lybrandt”, Скопје (диплома за обучувач на проценители и финансиска нализа). Покрај академската кариера бил: пратеник во Собранието на СР Македонија 1986-1989; министер за развој во првата влада на Република Македонија 1991-1992; Соавтор и носител на антиинфлационата програма на Владата во 1992 година; Специјален економски советник на премиерот во 1993-1994 година. Во рамките на својата дипломатска кариера меѓу другото ги извршувал и следните меѓународни функции: претседавач на Економскиот и финансискиот комитет на Генералното собрание на Обединетите нации (1995-96), Претседател на одборот за трговија и развој на Обединетите нации 1997-1998 и заменик на претседателот 1999-2000. Бил главен преговарач за пристапуваање на Република Македонија во Светската трговска организација. Бил член на Бирото на подготвителниот комитет на Светската конференција против расизам. Ги зборува течно англискиот и францускиот јазик и пасивно познава уште неколу други. Бил амбасадор, шеф на мисијата, постојан претставник на Република Македонија при седиштето на ООН во Женева и другите меѓународни организации во Швајцарија (1994-2000). Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia