Соња Каранџулоска
Соња Каранџулоска (Прилеп, 25 септември 1948 — Скопје, 25 мај 2025) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Во 1971 година, таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во првата генерација дипломирани глумци во класата на професорот Илија Милчин. Целиот свој работен век го минала во Македонскиот народен театар во Скопје.[1][2] ЖивотописСоња Каранџуловска дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, во првата генерација на дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин, заедно со: Петре Арсовски, Мајда Тушар, Ѓорѓи Колозов, Снежана Киселичка, Гоце Влахов, Кирил Псалтиров, Лилјана Велјанова, Ацо Дуковски и Љупчо Петрушевски. Во Македонски народен театар работи од 1974 до 2014 година. На сцената на МНТ, игра уште пред вработувањето. Прва улога и е Авдотја во претставата „Децата на сонцето“ (1973), во режија на Илија Милчин. Следуваат, меѓу останатите, Ангелина во „Потоп“ (1974), Лиза Дроздова во „Бесови“ (1978), Малтескињата Лезли во „Кенгурски скок“ (1979), Валерија во „Лов на диви пајки“ (1979), Паулина во „Череп“ (1980), Рената во „Војна и мир во Груда“ (1981), Нора во „Габи“ (1982), Анка во „Госпоѓа министерка“ (1983), Доли, пудлата, во „Воена тајна“ (1984), Мараја во „Слободни врски“ (1984), Клара во „Големиот брилјантен валцер“ (1986), Марија Луиса Балванера во „Еригон“ (1999), Третата госпоѓа во "Жени во народно собрание" (2004), Болничарка во „Мара/Сад“ (2008), а последна и е улогата во „Троил и Кресида“ (2010). Особено значајна и карактеристична и е монодрамата „Клитемнестра“, во продукција на Македонски народен театар, Скопје, а чија премиера е на 9 октомври 2002 година,. Истата година со оваа претстава настапува на Фестивал на монодрама во Битола, фестивалот на монодрама во Земун и на „Барско лето“, Бар, во 2003 година. „Клитемнестра“ е разултат на она што ја карактеризираше Каранџуловска – желбата да се биде на сцена. ФилмографијаКаранџулоска ги остварила филмските улоги:[3]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia