Споменик Гоце Делчев (Струмица)
Споменикот Гоце Делчев — споменик кој се наоѓа во градот Струмица, Македонија. ![]() КонкурсВо 1972 година бил распишан анонимен југословенски конкурс на кој учество зеле осум познати македонски вајари со 13 решенија. На конкурсот учествувале Бранко Конески, Илија Аџиески, Драган Поповски - Дада, Борко Митриќески, Александар Ивановски Карадаре, Томе Андреевски и Максим Димановски. Дури по повторената селекција, во која биле поставени и дополнителни барања (вклучително и обликување на плоштадот каде ќе биде поставен споменикот), било одобрено решението на академскиот ликовен уметник Бранко Конески а партерното решение било на архитектот Мирјана Волинец, и двајцата од Скопје. Изградбата на споменикот била по повод стогодишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Реализацијата на споменикот започнала во 1973 година, а завршила на 11 октомври 1976 година. ОписДоминантна е скулптурата од лиена бронза на Гоце Делчев во натприродна висина од 5,20 м. со симболична претстава на повик на борба за слобода, поставена на постамент. Тематско-иконографски, фигурата го претставува Делчев како симбол на повикот на борба за слобода и сугерира дека неговата сила на револуционер не е во оружјето туку во идејата за покренување на организацијата во извршувањето на својот идеал. Колосалната статуа го претставува го претставува Гоце Делчев зачекорен со десната нога што е свиткана во коленото како момент на опора и го повлекува динамизмот во акција. Двете раце му се широко раширени во едно закрилничко, благо движење. Делчев е облечен со гуна која е предадена со поедноставни атрибути на селско-комитска униформа. Доста е наметлива анатомско-пластичната изместеност и пренагласеност на слободата во решението на рацете, што наметнува изнасилување во некои детали и на горниот дел од облеката, Стилски тргнувајќи од реалистичка постапка, статуата е решавана со подвлекување на рамни линии и површини, геометризација, наместа непотребно нагласена масивост на одредени детали како на пример на десните долни дипли на гоцевата наметка-туна. Оваа обработка со остри, четвртести, коцкесто-кубистички поедноставувања е забележлива и врз главата на Гоце. На споменикот стои натписот:
Лево и десно од скулптурата на Гоце Делчев се прилепени две мермерни платна со релјеф на кои се поставени 16 фигури на револуционери со висина од над 2 метри, исто така поставени во движење со различити изрази на лицата[1]. Овие фигури го сугерираат одговорот на народот по повикот на Делчев. Разновидните енергични или опуштени ставови и движења, нагласено со различни изрази на лицето на овие 16 фигури, облечени слично како и Делчев, наметнуваат една натегната конструктивност. Ликовите и носиите не се поврзани за еден крај од Македонија и треба да ја сугерираат присутноста на Делчев во настаните од тоа време. Пред реконструкцијата на спомениците, зад мермерните платна се аоѓаа записи, заклетви и архивски материјал. Денеска споменикот се наоѓа на истоимениот плоштад[2]. За последен пат, споменикот бил реновиран во 2010 година. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia