Стараховице
Стараховице (полски: Starachowice) — град кој се наоѓа во Полска, во Светокришкото Војводство, со население од 50,679 жители според податоци од 2013 година. Стараховице е седиште на Стараховичкиот регион. Градот се наоѓа на реката Камиена, притока на реката Висла. ИсторијаМестото каде денеска се наоѓа градот Стараховице, во 16 век му припаѓало на семејството Starzechowski. Населбата која била изградена околу еднаковница, припаѓала до 1817 на католичкиот орден Цистерцити од Вонхоцк, град кој се наоѓа во близина. Во 1789 година започнала изградба на високи печки. Во 1815 година, печката била преземена од страна на владата на Конгресна Полска и во наредните години, Стараховице се појавил како главен центар на металургијата. Според планот на Станислав Сташиц, металната индустрија била развиена по течението на реката Камиена. Во времето кога Полска ја вратила својата независност во 1918 година, владата во Варшава одлучила да се изгради фабрика за оружје во градот. На 12 октомври 1920 година, рударската комора на грдот потпишала договор со за снабдување на армијата. Набргу потоа започнала изградба на фабрика за муниција. Компанијата Zakłady прераснала во индустриски комплекс која вклучувала фабрика за муниција, артилериска опрема и фабрика за железо. Компанијата го произведела и пиштолот Бофорс 37 мм, кој се користел од страна на полската армија во 1939 година. Самиот град Стараховице не бил создаден до 1 април 1939 година, кога на античкиот град Виерзбник (основан 1624 година) се споил со решение со Стараховице. За време на Холокаустот, гетото во градот било ослободено на 27 октомври 1942 година, и голем дел од затворениците биле испратени во логорот на смртта Треблинка. Останатите еврејски жители биле испратени во работнички кампови во околината. Заробениците од овие кампови во текот на летото на 1944 година биле депортирани во Аушвиц, каде што многу од нив се соочиле со смртта. Во текот на Втората светска војна, Стараховице бил важен центар на Армија Крајова, каде единиците на Јан Пивник и Антони Хеда делувале. По војната, градот успеал да како важен индустриски центар. Во 1948 година била отворена фабриката за производство на камион „Стар“. Кога во 1989 година бил воведен капиталистичкиот систем, ситуацијата во Стараховице се влошила бидејќи невработеноста се зголемила драстично. Градот во моментов има посебна економска зона со пониски даночни стапки. ГеографијаГрадот се наоѓа во историскиот регион Мала Полска. Сместен е во северниот дел на војводството. НаселениеНаселение по години
Старосна структура[1]Административна поделба
СпортГрадот е домаќин на фудбалскиот клуб „Стар“. ГрадовиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia