Стефан Лазаров
Стефан Лазаров (р. Скопје, 18 јули 1997), попознат како Лазаров — македонски водител, музичар, јутубер и поткастер. ЖивотописЛазаров во 2018 година се вработува во „1ТВ“, како водител на ексклузивниот магазин „Ексклузив“, каде останува една година. Во 2019 година се вработува во Алфа-телевизија како водител и новинар на утринската емисија „Добро утро секое утро“. Во 2020 година почнува да се занимава со Јутуб, каде дава отказ од телевизија. Тој на својот Јутуб-канал имал своја емисија, која се викала „Лазаров шоу“. Лазаров имаше свој поткаст, кој бил насловен „Без лимит“ кој го водеа заедно со Зоран Василевски-Фаци. Во поткастот гостувале познати музички имиња и глумци како Александра Тимковска, Кристина Димитри, Барбара Ракичевиќ, Орце Ѓорѓиевски, Јелена Розга, Марија Луиса, Тијана Дапчевиќ, Ирена Спасовска, Гоце Тодоровски, Вера Мештеровиќ и други. Во својот поткаст наречен „Лазаров поткаст“, биле гости познати пејачи, глумци, спортисти и политичари како: Тони Михајловски, Тамара Тодевска, Игор Џамбазов, Ферус Мустафов, Васил Зафирчев, Гордана Сиљановска-Давкова, Стевчо Јакимовски, Весна Петрушевска, Драган Павловиќ Латас, Јанко Илковски, Јелена Карлеуша, Христијан Мицкоски, Аца Лукас и други. Одреден период се занимавал и со музика, како пејач. Во 2024 година, е еден од авторите и водител на андреналинското шоу "Триумф" кој се емитува на платформата на Gley и каналот на Лазаров. Негов татко е познатиот музичар Орце Лазаров од Група Академци.[1][2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia