Тененски Планини
Тененски Планини (германски: Tennengebirge) — мал, карпест планински венец во Северните Варовнички Алпи, кој лежи по целата своја должина пред Источните Алпи.[1][2][3][4][5] Овој висок планински масив, кој е претежно варовнички, има површина од околу 60 км2 и поседува голем број на пештери. Планините се наоѓаат во покраината Салцбург, блиску до Бишофсхофен, во Австрија. Околу 37 км2 од планинскиот масив на Тененските Планини се наоѓа на надморска височина над 2000 метри, и овој дел бил прогласен за природен резерват во 1982 година. ТопографијаКонтурите на планинскиот масив се опкружени со:[6]
Населби во долината
Планински врвови![]() Највисоки врвови се Раухек (2430 метри надморска височина), а се наоѓа на запад, и Блајкогел, кој се наоѓа на исток и е со надморска височина од 2412 метри. Највисоките точки се наоѓаат како што се оди кон јужниот раб на планинскиот масив, а висината на врвовите се намалува одејќи кон северниот дел. Најважните врвови се:
Геологија![]() Овој планински масив се одликува со исклучително карстни карпи, составени главно од Дачштајн варовник, кој лежи врз основа од Рамсау доломит. На јужните падини, долж линијата Лунгец-Верфенвенг-Верфен се наоѓа зоната на расед (Schuppenzone). Оваа зона е изградена од геолошката Верфенска образба, која била формирана во периодот на долниот тријас, и од доломитите од периодот на среден тријас (Анизик и Ладиник). Оваа зона на расед се вика Верфен-Санкт-Мартин зона на расед (Werfen-St.-Martin Schuppen Zone).[7] ПештериНа Тененските Планини постојат бројни пештери:[8]
Масивот е важен истражувачки регион за Државната истражувачка асоцијација за пештери во Салцбург, која е задолжена за собирање и публицирање на истражувањата од овој регион. Постојано се наоѓаат нови пештери, а во старите се откриваат нови непознати делови. Знаењата за пештерите и нивните водотеци се особено важни во однос на идното водоснабдување на населението, како и за заштита на водните ресурси. ПланинарењеКако висок планински масив, Тененските Планини изобилуваат со бројни патеки за планинарење. Планинарите сепак треба да се свесни за недостаток на вода поради карпестиот терен, како и за опасноста од загубување во магла и во други услови на намалена видливост. Алпското искуство и добрата физичка подготвеност се основни предуслови за алпинизам, иако постојат бројни планински колиби. Провалиите по работ на планините им овозможуваат на алпинистите опции за искачување. Страната на јужниот раб на масивот, посебно околу планинската куќа Верфенер и над планинската куќа на д-р Хајнрих Хекел, се посебно популарни поради лесната пристапност. Во зима има разни скијачки патеки кои поминуваат низ планините, а на некои места има и екстремни скијачки патеки. Колиби
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia