ТероарТероар (француски: terroir = „поднебје“) — француски израз кој се користи при оценка на вино и кафе, за означување на специфичните географски одлики кои обдариле со особеност еден производ. Оваа смисла за месност е отелотворена во извесни одлики, и збирот на влијанијата на локалната животна средина врз одгледувањето на растението и изработката на производот. Особено познат и наградуван тероар во Македонија е Барово, Демиркаписко.[1] ДефиницииСпоред Terroir-France, „тероар е група лозја (или дури и лозници) од еден ист регион под заедничко име, кои растат на ист тип почва, временски прилики, исти методи на одгледување на грозјето и правење вино, кои придонесуваат кон специфичните одлики на виното.“ Некои стручњаци додаваат и историја, традиција, сопствеништво на лозјето и други фактори. Денешното значење на изразот е пошироко од само географско, но тука почнуваат несогласувањата. Некои велат дека тероарот нема никаква врска со сортата на лозата, гроздоберот и методите на производство (винарство и др.), и претставува на низа локални влијанија кои се пренесуваат врз карактерот на производот. Исто така се поставува прашањето дали тероарот е измерлив, и улогата која тој ја игра во производството на „добро“ вино - сето тоа е тема на расправа. Работата уште повеќе се усложнува со тоа што некои енофили го користат терминот тероар за вина кои се карактеристични и уникатни за нивното географско потекло. Во овој случај, тероар не се однесува на земјата, туку на виното. ЕлементиКомпоненти на еден тероар се:
ПоврзаноИзвори
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia