Ризлинг
Ризлинг[1][2] (германски: Riesling) — бела сорта грозје кое потекнува од долината на реката Рајна во Германија. Исто така е познат како рајнски ризлинг. Ризлингот е ароматична сорта грозје која покажува цветни, речиси парфимирани ароми, како и висока киселост. Се користи за производство на суви, полуслатки, слатки и пенливи бели вина. Вината од сортата ризлинг обично се се произведува како младо вино и ретко се барикира. Од 2004, ризлингот се проценува дека е 20-та најодгледувана сорта грозје во светот на 48.700 хектари (со тренд на зголемување),[3] но во однос на битноста за квалитетните вина, се смета во „трите најдобри“ сорти бели вина заедно со шардонето и совињон блан. Ризлинг е сорта која е многу „тероар-изразлива“, што значи дека наравот на вината од сортата ризлинг е во голема мера под влијание на местото на потекло на виното. Најмногу се одгледува во винарските региони на Германија и Франција (долината на Рајна), но се одгледува и во Унгарија, Луксембург, Австрија, Словачка, Хрватска, Италија, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, САД, Канада, а е исто така популарен во Македонија, Србија, Романија и Молдавија. Ризлинг има долга историја, судејќи според документите од Германија неговото прво споменување датира од 15 век. Во Македонија, виновата лоза од оваа сорта со Правилникот за реонизација на лозарските подрачја[4] е препорачана во Пчинско-осоговскиот и Пелагониско-полошкиот реон. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia