Според натпис во теќето, по пристигањето на Пир Хајати Баба во 1766 година, раководителите се стекнуваат со титулата „шех“. По добивањето на хилафет од карабашата на Сер, Шех Мехмед Хајати пристигнал во Охрид, каде го основал теќето на Халветискиот ред со ферман од султанот.[1] За џамиската града некои сметаат дека е изградена во XV век како медреса (верско училиште). Кон крајот на XVI век таа е претворена во теќиска џамија.[2] Ова теќе е мајка на Теќето „Халвети Хасан Баба“ во Струга и на теќињатата во Кичево и Штип, кои му биле потчинети.[5]
На 22 март 1968 година теќето „Зејнел Абедин-паша“ е прогласено за споменик на културата.[6]
Архитектура
Теќето (со џамијата) ги има сите потребни простории — семхана, халвет, зимски и летен кафе-оџак, молитвена просторија и мисахирхана, просторија за гости.[1]Минарето е изградено во XVII век и е зачувано во изворниот облик.[1]
Дел од комплексот е и Турбето на Хајати Баба од XVIII век, во кое е погребан основачот на теќето.[1][2]Шеховата куќа од XIX век е факсимилно обновена во доцниот XX век, а Шадрванот на шехот Зекерија е од XIX век. Во комплексот има и две групи гробови — едните кај влезот до џамијата, а другите на запад од турбето. Во нив се погребани членовите на семејствата на шеховите и прислугата на теќето, како и неговите дарители.[2]
↑ 1,01,11,21,31,41,5Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments(PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 42. ISBN978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help). Архивирано од изворникот(PDF) на 2019-04-04.
↑Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments(PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 49. ISBN978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help). Архивирано од изворникот(PDF) на 2019-04-04.