Црква „Св. Богородица Болничка“ - Охрид

Света Богородица Болничка

Црквата Света Богородица Болничка во Охрид

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Прва охридска
Местоположба

Карта

Место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Богородица
Изградба XIV век
Живопис XVI, XVII и 1834
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Света Богородица Болничкамакедонски православен храм, кој се наоѓа во стариот дел на градот Охрид, непосредно до ѕидот на долната порта, зад некогашната библиотека, на кејот на градското пристаниште. До денес не се откриени пишувани податоци за нејзиното живописување, но според изведбата на градењето и според анализата на живописецот оваа црква припаѓа на малите еднокорабни охридски цркви, од вренето на XIV век. Црквата претрпела повеќе измени и тоа во XVI и XVII век, а последен пат во оваа црква се интервенирало во 1834 година, кога повторно е живописана на малтер нафрлен врз стариот живопис. По конзерваторските работи во 1959-1960 година, живописот од 1834 година е остстранет и се наоѓа како експонат во тремот. Инаку постариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф со големо чувство за компонирање на боите, и е еден од подобрите остварувања во Охрид. Иконостасот е изработен од ореово дрво, од вештите раце на Никола Дарковски Караџовик од с. Лазарополе во 1833 година, и се вбројува помеѓу најзначајните дела на мијачките копаничари од минатиот век. Околу црквата се наоѓаат повеќе гробови на монаси или игумени, како и заедничка гробница. Двете цркви се нарекуваат болнички според маалото во кое се наоѓаат, бидејќи според раскажувањето на постарите жители во средниот век тука постоела болница[1].

Иконостас

Иконостасот во црквата

Името на мајсторот-резбар што го изработил иконостасот во црквата Св. Богородица Болничка останал непознат и незабележен сè до 1959 година кога за време на истражувачките работи, на фризот од иконостасот под дебелиот слој прашина и гар бил откриен следниот натпис: Сотворител мајстор доброделател Никола Дебрелија Лазарополец Дарковски Караџовик во лето од Христа 1833. Од натписот се дозна дека мајсторот Никола од Лазарополе го изработил овој иконостас во 1833 година.

Поради малите димензии што ги има црквата Св. Богородица Болничка, иконостасот има скромен изглед. Меѓутоа, тој спаѓа меѓу најубавите иконостаси во Охрид и неговата околина. И ако мајсторот на овој иконостас не можел да ги достигне уметничките квалитети на иконостасите во Св. Спас — Скопје и Јован Бигорски во Ростуша, сепак е најблизок до нив. Величината и мајсторството на мајсторот-резбар Никола Лазарополецот може да се согледа во смелото обработување на мотиви од билниот и животинскиот свет. Складноста на изработените мотиви ни зборува за една јасна концепција и нацрт кои пред себе ги имал резбарот. На иконостасот нема обработена ниту една човечка фигура, што не е случај кај гореспоменатите иконостаси.[2]

Опис

По својата конструкција, поделен е на пет главни хоризонтални појаси поставени еден над друг. Секој појас е поделен на повеќе полиња-фризови. Долната половина од иконостасот ја делат шест колони на пет полиња изведени во резба. При основата на иконостасот се четвртасти полиња-табли. Тие кај некои иконостаси се обработени во резба, а некаде се оставаат мазни за сликање на сцени од Стариот завет. Овде на овој иконостас не е направено ни едното ни другото, туку едноставно се испречени со коси линии. Над таблите се правоаголни полиња исполнети претежно со билна и животинска орнаментика. Вториот хоризонтален појас го исполну ваат престолните икони, кои се разделени една од друга со колони искитени со винова лоза и гроздови. Третиот појас е составен од правоаголни полиња и лунети засведени со решетки, во кои обикновено се поставуваат апостолите и пророците (пример во Св. Спас — Скопје). Триаголното пространство кое е добиено на местото каде се доближуваат лаковите од лунетите, изработени се птици — орли анфас поставени и со раширени крила. Четвртиот појас е составен од повеке хоризонтални тесни полиња и еден фриз на ко го се изработени три медаљона. Средниот медалјон кој се наоѓа над царските двери е работен едноставно како и споменатите табли, а страничните два се исполнети со споменатиот текст. Петтиот појас го сочинуваат фризот од празнични икони кои се поделени помеѓу себе со мали колонки обработени во копаница. Над нив се лунети чии полиња се исто така обработени во резба. Најгорниот дел е корнизот на иконостасот. На крајот интересно е да се спомене де ка големиот крст со ггретстава на „Распјатието" и змејовите што се наоѓаат лево и десно од крстот не се од поменатиот мај стор. Во долниот дел на крстот стои натпис со лицата кои го подариле тој дел од иконостасот на црквата. [2]

Наводи

  1. „„Св. Богородица Болничка" - Охрид“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2012-04-09. Посетено на 2012-03-20.
  2. 2,0 2,1 Ќорнаков, Димитар (1959). „Иконостасот во црквата св. Богородица Болничка во Охрид“. Културно наследство. V: 15–18. Занемарен непознатиот параметар |authorurl= (help)

Галерија

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya