На 8 април 1998 година е прогласена за споменик на културата под името Античка гробница „Караѓулевци“.[3]
Германскиот јазичар Густав Вајганд во 1894 г. напишал за гробницата (која погрешно ја сметал римска):
„
Треба да се забележи еден римски гроб, кој Хан очигледно не можел да го дознае. Тој гроб е откриен во куќата на господинот Никола Караѓула пред 40 години. Од подрумот на таа куќа преку една дупка се стасува до едно ходниче кое води до некогашната улица што минува крај езерото. Подоцна таа улица е затворена и на неа се изградени куќи. Една врата,[4] направена од песочник, води од галеријата, која е висока 1,5 м, кон гробот. Ѕидовите на гробот се малтерисани и бојадисани со помпејска црвена боја, и оваа боја е добро зачувана: Гробницата е висока 3 м, широка 2 м и долга 3,5 м. Ѕидовите се мазни и без слики или натписи, а само на западниот ѕид се забележуваат некои нацртани орнаменти. При откривањето на гробот се најдени три ковчега, и колку и да се трудев, не успеав да дознаам што станало со нив.[5]