Тим Веленс
Тим Веленс (холандски: Tim Wellens; р. 10 мај 1991) — белгиски професионален друмски велосипедист и поранешен планински велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Дстни.[1] Тој е син на поранешниот професионален велосипедист Лео Веленс и внук на велосипедистите Пол и Јохан Веленс.[2] Кариера![]() Веленс се натпреварува како професионалец од средината на сезоната 2012,[3] придружувајќи ѝ се на екипата Лото-Белисол по три сезони со нивната развојна екипа. 2012Веленс го направил неговото деби со екипата на ГП Хосе Дибоа, каде завршил осми; подоцна се појавил на прва трка од Светската турнеја, преку настап на канадските трки во Квебек и Монтреал обидувајќи се да отиде во бегство на секоја од овие трки.[4][5] Веленс се покажал добро во последната трка од сезоната Трка околу Пекинг, завршувајќи на сите етапи во првите 25 - заземајќи го петтото место на последната етапа – и стигнувајќи до десеттото место во генералниот пласман,[6][7] и втор зад возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Рафал Мајка во пласманот за млад возач.[8] 2014![]() Во август 2014 година, Велес го освоил генералниот пласман и шестата етапа на трката Енеко Тур.[9] Времето кое го освоил на етапата му ја донело победата на целата трка. 2015Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015.[10] На шестата етапа на Енеко Тур 2015, Веленс нападнал при што добил девет секунди во спринтот на златниот километар. Главната група не успеала да го достигне Веленс и го зголемил водството; ја освоил етапата со 49 секунди предност пред Ван Авермат, додека Гешке завршил трет. Веленс се искачил во генералниот пласман, на 1 минута и 3 секунди пред Ван Авермат.[11] Веленс го одбранил водството на последната етапа и ја освоил трката втора година по ред. 2016На Џиро д’Италија 2016, Веленс ја освоил шестата етапа по приклучувањето на успешното бегство на етапата. Во јули 2016 година, Веленс ја освоил петтата етапа на Трка околу Полска 2016 со соло-бегство на дождлива етапа на која 85 возачи се откажале.[12] Тоа му дало предност од над 4 минути во генералниот пласман, кое успеал да го одбрани до крајот на трката. 2017Веленс ја напуштил петнаесеттата етапа на Тур де Франс 2017 поради жештина и алергија од полен, која одбивал да ја лечи со ТУЕ.[13] И покрај тоа што има астма Веленс одбива да користи инхалатор, поради што го критикувал Крис Фрум во неговиот случај за салбутамол. 2018Веленс ја остварил својата прва победа во 2018 година на Трофео Сера де Трамунтана, што го освоил втора година по ред.[14] На Рута дел Сол 2018, Веленс ја освоил четвртата етапа и го преземал водството во генералниот пласман победувајќи го Микел Ланда на калдрмисаното искачување.[15] 2020Во октомври 2020 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања.[16] Освоил две етапи на трката и завршил втор зад Гијом Мартен во планинскиот пласман.[17][18] 2021Во февруари 2021 година ја освоил третата етапа на Етоал де Бесеж и завршил прв во генералниот пласман.[19] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
Распоред на резултатите на класици
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia