Томас Шапкот
Томас Вилијам Шапкот AO (англиски: Thomas William Shapcott; р. (21 март 1935) — австралиски поет, романописец, драматург, уредувач, либретист, раскажувач и учител. ЖивотописРоден е во Ипсвич, Квинсленд каде и учи заедно со својот брат-близнак, роден еден ден пред него. Интересно е тоа што иако Томас е леворак, неговиот брат е деснак. Првиот уметнички импулс во него е музичкиот - сака да стане композитор. Уште пред да наполни 19 години, веќе има искомпонирано неколку дела, но се откажува од музиката кога ќе открие дека еден негов жичен квартет, потсвесно плагијаризирал едно дело на Ернест Блох [1]. Потоа работи како даночен службеник, позиција на која ќе остане во следните 27 години. Директор е на Одборот за Литература седум години, а извршен директор на Националниот Совет за книги во периодот од 1992-97. Професор е по творечко пишување на универзитетот во Аделаида.[2] Има напишано 15 збирки поезија и 6 романи. Во 1989 година го добива Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, а во 2000 се закитува со највисокото литературно признание во Австралија - Наградата на Патрик Вајт. Избрани делаЗбирки поезија
Романи
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia