Чарлс Симиќ
Чарлс Симиќ (Белград, 09 мај 1938 - Довер (Њу Хемпшир), 09 јануари 2023) – српско-американски поет, есеист и преведувач. Еден од најзначајните американски и светски поети и есеисти. Во 1990 година ја добил Пулицеровата награда за поезија, а во 2017 добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата[1]. ЖивотописЧарлс Симиќ е роден како Душан Симиќ во 1938 година во Белград. Во 1953 година со семејството се сели во САД, претходно поминувајќи година дена во Париз[2]. Песни почнал да пишува во средно училиште, како што изјавува во едно интервју, за да им се допадне на девојките. На неговите поетски почетоци особено влијаеле американските поети: Волт Витмен, Емили Дикинсон, Волас Стивенс и др. Неговата прва стихозбирка „Што вели тревата“ (1967) одлично е примена од страна на критиката Како преведувач е особено значаен за популаризација на поезијата на значајни поети од јужносвловенските земји. На англиски превел поезија од: Васко Попа, Иван В. Лалиќ, Љубомир Симовиќ, Милорад Павиќ, Бранко Миљковиќ, Новица Тадиќ, Радмила Лазиќ, како и три антологии на модерна српска поезија, Славко Михалиќ од Хрватска, Томаж Шаламун од Словенија. На англиски препеал и една збирка поезија од Славко Јаневски (2002). Од 1973 година бил професор на универзитетот во Њу Хемпшир, каде предавал американска книжевност и творечко пишување. Живеел во Стафорд, Њу Хемпшир, а починал во Довер, Њу Хемпшир. ДелаПоетски збирки:
Збирки есеи:
Награди
НаводиНадворешни врски![]() Викицитат има збирка цитати поврзани со: Портрет
Дела
Интервјуа и критики
|
Portal di Ensiklopedia Dunia