Завршил основно училиште, гимназија, а матурирал во Карловац. Студирал хрватски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Со пишување се занимавал од својата 14-та година. На загрепскиот Филозофски факулатет го покренал книжевниот месечник „Трибина“ (1952).
Книжевна работа
Бил уредник за поезија во издавачкото претпријатие Ликос. Кон крајот на 1950-тите, учествувал во организацијата на поетски фестивал и бил главен уредник на книжевното списание „Књижевна трибина“. Кога весникот престанал да излегува, се приклучил на Друштвото на хрватските писатели, работел за културниот неделник Телеграм како заменик уредник, повеќепати бил избиран за секретар на Друштвото, каде што го основал Мостот, списание за преведување на хрватската книжевност на други јазици, и ги основал Загрепските меѓународни книжевни разговори.
Во 1967 година бил еден од составувачите на <i id="mwIw">Декларацијата за името и положбата на хрватскиот книжевен јазик</i>. Според Михалиќ, бил вршен притисок текстот на Декларацијата да не се печати во Телеграма, а подоцна биле прогонувани сите оние кои не сакале да се откажат од документот. „Морав да ја напуштам Телеграма, ја изгубив работата, а потоа во 1971 година обновени биле сите напади. Секоја година на 16 март под име на неговиот роденден всушност се прославувала Декларацијата во Книжевното друштво.[1]
Во тешките 1970-ти најмногу преведувал, особено од словенечки, за што ја добил и Жупанчичевата повелба. Станал секретар на библиотеката Пет века хрватска книжевност.
Од 1983 година е придружен член, а од 1991 година редовен член на Хрватската академија на науките и уметностите.[2] Од 1995 година е дописен член на Словенечката академија на науките и уметностите. Во 1987 година станал главен и одговорен уредник на книжевниот месечник на Катедрата за книжевност на Форумот на академијата, а од 2000 година бил претседател на Друштвото на хрватските писатели.
Неговите стихозбирки се објавени ширум светот на повеќе од 20 јазици.
Преведувал и песни од македонски на хрватски, превел дел од песните на Константин Миладинов.
Творештво (до 2005 година)
Камерна музика, Загреб 1954 година
Патот до непостоењето, Загреб 1956 година
Почеток на заборавот, Загреб 1957 година
Дарежливо прогонство, Загреб 1958 година
Годишни времиња, Загреб 1961 година
Љубов за стварна земја, Загреб 1964 година
Прогонета балада, Крушевац, 1965 година
Езеро, Белград 1966 година
Избрани песни, Загреб 1966 година
Тајната вечера, Загреб 1969 година
Градината на црните јаболка, Загреб 1972 година
Орфејевото завештание, Загреб 1974 година
Гостилница на аголот, Трст-Копер 1974 година
Петрица Керемпух, во стари и нови приказни, Загреб 1975 година
Стапица за сеќавањата, Загреб 1977 година
Избрани песни, во: Пет столетија на хрватската книжевност, кн. 164, Загреб 1980 година
Спомен-соба на Стјепан и Славко Михалиќ била отворена во 2007 година како дел од градската библиотека во Карловац, Иван Горан Ковачиќ, а содржи книжевно наследство и лични работи на двајцата писатели.[4]
Мурал на Славко Михалиќ во Карловац, изработен од Леонард Лесиќ и Далибор Јурас во 2020 година.[5]
Наводи
↑Deklaracija o nazivu i položaju hrvatskog književnog jezika, Građa za povijest Deklaracije, Matica Hrvatska, Zagreb, 1997., ISBN953-150-102-5, Sineva Pasini, Vjesnik, 14. ožujka 1991., str. 132