Хокејот на трева на Летните олимписки игри 2020 година ќе се одржи од 24 јули до 6 август 2021 година на стадионот Ои Хокеј во ТокиоЈапонија.
На турнирот ќе се натпреваруваат 24 екипи (по 12 во машка и женска конкуренција).[1]
Првично било предвидено настанот да се одржи во 2020 година, но на 24 март 2020 година, Олимписките игри биле одложени за 2021 година поради пандемијата на КОВИД-19.[2]