Покрај градот домаќин на олимписките игри, Токио, натпреварите на фудбалските турнири ќе се играат и во неколку дуги градови во Јапонија: Кашима, Саитама, Сапоро, Сендај, и Јокохама.[2]
Сите асоцијации кои се членки на ФИФА имаат право да учествуваат во квалификациите, а само квалификуваните репрезентации ќе настапат на турнирот. Што се однесува до правилата, во женските репрезентации нема ограничување на возраста, додека машките репрезентации се ограничени на играчи под 24 години (родени на или по 1 јануари 1997 година) со дозволен максимум од три играчи кои ја надминуваат таа возраст.[3] Машкиот турнир обично е ограничен на играчи под 23 години, но по одложувањето на Олимписките игри за една година, ФИФА одлучила да ги задржи ограничувањата на играчите родени на или по 1 јануари 1997 година.[4] Во јуни 2020 година, ФИФА ја одобрила употребата на ВАР системот на Олимписките игри.[5]
Бразил е бранител на титулата во машка конкуренција, додека пак Германија е бранител на титулата во женска конкуренција, но не тие успеале да се квалификуваат на олимпискиот турнир откако загубиле од Шведска во четвртфиналето на Светското првенство 2019.