Триатлон на Летните олимписки игри 2020
Натпреварите во триатлон на Летните олимписки игри 2020 во Токио се одржаа од 26 до 31 јули 2021 година. Олимписките игри првично биле планирани да се одржат во 2020 година, но биле преместени за 2021 година како резултат на пандемијата од КОВИД-19.[1][2] По педесет и пет спортисти се натпреварувале во две конкуренции. За прв пат на програмата била вклучена и мешана тимска дисциплина.[3] ФорматОлимискиот триатлон се состои од три компоненти; 1.5 км пливање, 40 км возење велосипед и 10 км трчање.[4] Натпреварувањето се состои од еден натпревар без квалификации. Новата мешана тимска дисциплина вклучува тим од четири триатлонци (двајца мажи и две жени). Секој триатлонец плива 300 м, вози велосипед 8 км и трча 2 км во штафетен формат.[3] КвалификацииКвалификацискиот период траел од 11 мај 2018 година до 11 мај 2020 година. Вкупно 110 натпреварувачи (55 во двете конкуренции) обезбедуваат место на игрите, притоа националните олимписки комитети можат да пријават по три натпреварувачи во двете конкуренции. Квалификациските места се доделуваат најпрво преку ИТУ мешаниот ранкинг од 31 март 2020 година, каде седум национални комитети добиваат по четири места (по две во двете конкурекции). Три останати национални олимписки комитети можат да добијат по четири места на мешаниот олимписки квалификациски турнир во 2020 година. Следно, предвид се земаат поединечните рангирања од 11 мај 2020 година, каде што најдобрите 26 натпреварувачи во двете конкурекции обезбедуваат место на олимпискиот турнир. Едно дополнително место за секој континент го добива највисоко рангираниот натпреварувач од тој НОК кој сè уште не квалификувал свој натпреварувач. Домаќинот, Јапонија, добива две гарантирани места во двете конкуренции. Последните две места се пополнуваат преку специјална покана од трипартитната комисија.[5] Распоред на натпреварувањеСите саатници се според јапонското стандардно време (UTC+9). [6][7]
Земји учеснички
Преглед на медалиТабела на медали
Освојувачи на медали
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia