Сурфање на Летните олимписки игри 2020
Сурфањето на Летните олимписки игри за прв пат се појавило на Летните олимписки игри 2020 во Токио, Јапонија.[1] Олимписките игри првично бил планирани да се одржат во 2020 година, но биле преместени за 2021 година како резултат на пандемијата од КОВИД-19.[2][3] Предлог за вклучувањеНа 28 септември 2015 година, сурфањето било вклучено на потесен список заедно со безболот, софтболот, скејтбордингот, каратето и спортското качување за да се вклучи на програмата на Летните олимписки игри 2020 .[4] на 3 август 2016 година, Меѓународниот олимписки комитет изгласал за вклучување на сите наведени спортови на игрите во Токио 2020.[5] ПоставувањеВо 2018 година, меѓународната сурферска асоцијација објавила дека сурфањето на Летните олимписки игри 2020 ќе се одржи на океан на отворено, наместо во вештачки базен со бранови.[6] Дополнително било одлучено дека натпреварите ќе се одржат на плажата Цуригасаки сместена на 64 километри од Токио во префектурата Чиба.[7] Со цел да се обезбедат квалитетни натпревари во сурфање, натпреварувањето вклучува 16 дневен период на чекање на добри услови. Штом започне, потребни се два дена за да се одредат победниците во двете конкуренции.[8] Број на натпреварувачиНа игрите во Токио ќе учествуваат по 20 натпреварувачи во двете конкуренции.[9][10] Натпреварите се ограничени само на сурфање со кратка даска.[11] Доколку сурфањето е вклучено на следните игри во Париз 2024 или Лос Анџелес 2028, други категории како сурфање на долга даска, сурфање со тело и стоечко сурфање може да бидат вклучени на програмата.[12] Земји учеснички
КвалификацииНатпреварувачите можеле да обезбедат учество на игрите преку следните натпреварувања:
Доколку еден национален олимписки комитет квалификува повеќе од максимално дозволениот број на натпреварувачи, местото се префрлува на следниот највисоко рангиран натпреварувач на Светските игри во сурфање 2021. Дозволено е учество на два натпреварувачи во двете конкуренции од еден ист национален олимписки комитет. [13] Распоред на натпреварување
Натпреварите во сурфање се одржале во три дена, од 25 до 27 јули.[14][15] Преглед на медалиТабела на медали* земја домаќин (Јапонија)
Дисциплини
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia