Џудо на Летните олимписки игри 2020
Натпреварите во џудо на Летните олимписки игри 2020 во Токио предвидено е да се одржат од 24 до 31 јули во арената Нипон Будокан и на нив ќе учествуваат 393 џудисти во 15 категории, седум во машка и женска конкуренција како и во новата мешана тимска категорија.[2] Летните олимписки игри 2020 беа одложени во март 2020 година и преместени за во 2021 година како резултат на пандемијата од КОВИД-19.[3] Жребот за натпреварите во џудо бил извлечен на 23 јули, а најдобрите осум во секоја тежинска категорија биле носители во жрепката.[4] КвалификацииВкупно 393 џудисти можат да се квалификуваат за ЛОИ 2020. Секој национален олимписки комитет може да пријави 14 натпреварувачи (по еден во секоја категорија). Домаќинот Јапонија има загарантирано место во сите 14 категории, додека 20 места се достапни до националните олимписки комитети преку покана од страна на Трипатритната комисија (валјд карта). Преостанатите места на олимпискиот турнир се пополнуваат преку квалификациски процес на кој џудистите обезбедуваат место на игрите преку светската ранг листа подготвена од страна на меѓународната џудо федерација на 28 јуни 2021 година,[5][6] и финализирана на 5 јули.[7] Најдобрите 18 натпреварувачи во секоја тежинска категорија директно се пласираат на игрите, но секој национален олимписки комитет е должен да пријави само еден џудист по категорија. Доколку националниот олимписки комитет има повеќе од еден натпреварувач во најдобрите 18 на светската ранг листа, националниот олимписки комитет може да одлучи кој натпреварувач да обезбеди учество на игрите. Дополнителни континентални места (13 машки и 12 женски за Европа, 12 од двата пола за Африка, 10 машки и 11 женски за Пан Америка, 10 од двата пола за Азија, и 5 од двата пола за Океанија) исто така се достапни. Овие места се доделени преку список на сите натпреварувачи на секој континент за сите категории во двете конкурекции. На овој начин се квалификуваат најдобро рангираните натпреварувачи кои немаат обезбедено учество притоа држејќи се до правилото еден натпреварувач по НОК како и дополнителното правило дека секој НОК може да квалификува само еден натпреварувач преку континенталните места (на овој начин се осигура дека 100 различни национални олимписки комитети се застапени во квалификацискиот процес).
Распоред на натпревари
Земји учеснички
Извор: [10] Освојувачи на медалиТабела на медали* земја домаќин (Јапонија)
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia