Голф на Летните олимписки игри 2020
Голфот на Летните олимписки игри 2020 во Токио, Јапонија ќе биде опфатен со два настани, поединечни турнири за мажи и жени.[1] Голфот се вратил во олимписката програма на претходните игри, за првпат по далечната 1904 година. Квалификацискиот систем за игрите во 2020 година и форматот на натпреварување на настаните биле истите оние кои што биле користени во 2016 година. 60 играчи се квалификувале за секој настан, кој се состоел од индивидуален турнир за играње со 72 дупки, одигран во текот на четири дена. Машкиот турнир се одиграл прв, почнувајќи од 29 јули, а женскиот започнал на 4 август. МестоТурнирите се играле во Источниот дел на Јапонија во Касумигасеки кантри клубот.[2] КвалификацииКвалификациите биле врз основа на светските рангирања на 21 јуни 2021 година (мажи) и 28 јуни 2021 година (жени), со вкупно 60 играчи кои се квалификувале за машкиот и женскиот настан. Првите 15 играчи од секој пол се квалификувале, со ограничување од по четири голфери по земја коишто би можеле да се квалификуваат на овој начин. Останатите места им припаднале на највисоко рангираните играчи од земјите кои сè уште немале двајца играчи квалификувани за овој спорт. Меѓународната голферска федерација (ИГФ) гарантирала дека ќе се квалификува најмалку еден голф играч од земјата домаќин како и од секој географски регион (Африка, Америка, Азија, Европа и Океанија). ИГФ објавила неделни списоци на квалификации врз основа на тековните рангирања за мажи и жени.[3] Распоред
Земји учеснички
Освојувачи на медалиМедалисти по настани
ТабелаНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia